- Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
Author: Author 04
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ. „Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За…
Вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот. При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, 66-годишен маж од Скопје пријави дека околу 14:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.А.(51) и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Парламентарниот состав на Собранието наскоро ќе биде комплетиран по одржувањето на локалните избори. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатираше мандатите на тројца нови пратеници. Новите пратеници се Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Тие доаѓаат на местото на пратениците кои беа избрани за градоначалници: Верифицирањето на мандатите на новите тројца пратеници треба да помине на наредната прва пленарна седница на Собранието, која, како што информира спикерот Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите, се очекува да се одржува на 10 или 11 ноември. -Државната изборна комисија врз основа на спроведената постапка, констатира дека…
Комисијата за земјоделство на СДСМ, преку Александар Димитриевски, денеска одржа прес-конференција на која остро реагираше на апсењето на директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, прашувајќи дали во корупциската шема е замешан и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. СДСМ го нарече директорот Стоилев „кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски“, и тврди дека неговото фаќање во скандал со мито е потврда дека корупцијата во земјоделството „цвета“. „Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувло на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите“, рече Димитриевски. Од партијата…
Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, а едно лице сторило продолжено кривично дело Примање поткуп, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против сите осомничени. Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик. На 30.10.2025 при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и паковка со кокаин. При претрес извршен на 31.10.2025, по судска наредба, во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени…
Владата ќе именува повереници во оние општини каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори, но само откако Државната изборна комисија (ДИК) официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави соодветна информација. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сè уште не се водени разговори со коалициските партнери за персоналните имиња на поверениците. „Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа очекувам дека ќе се случи следната недела. И потоа, Владата има рок од 15 дена да постапува по тоа“, рече Мицкоски при увидот на градежните работи на проектот градски воз. Премиерот го објасни и…
Тракторист загинал денеска во несреќа што се случила на патот од градот Кавадарци кон селото Дреново. Смртта на машкото лице е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Трагичниот настан го потврди Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци. „Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година“, појасни Паракеов. Според информациите, лицето починало веднаш откако се превртел тракторот со кој управувало.
