Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата ќе именува повереници во оние општини каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори

    Владата ќе именува повереници во оние општини каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори

    07.11.2025 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе именува повереници во оние општини каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори, но само откако Државната изборна комисија (ДИК) официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави соодветна информација.

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сè уште не се водени разговори со коалициските партнери за персоналните имиња на поверениците.

    „Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа очекувам дека ќе се случи следната недела. И потоа, Владата има рок од 15 дена да постапува по тоа“, рече Мицкоски при увидот на градежните работи на проектот градски воз.

    Премиерот го објасни и следниот чекор во однос на изборите:

    „… а потоа ДИК да го информира Собранието за да тоа во рок од 60 дена одржи нови избори во тие општини во коишто беа неуспешни. Тогаш веќе нема услов цензус, оној цензус за излезеност.“

    Мицкоски очекува во текот на следната недела, по добивањето на известувањето од ДИК, да седнат со коалициските партнери и да ги предложат имињата на поверениците.

    Повторени избори за градоначалници ќе има во следните општини:

    • Гостивар
    • Маврово и Ростуша
    • Центар Жупа
    • Врапчиште

    Причината за повторувањето е што не беше исполнет законскиот услов за излезност од една третина од вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список.

    Прочитај повеќе

    Нападнат вработен во бензинска пумпа

    21.09.2026 во 23:48

    Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност

    21.09.2026 во 23:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.