Author: Author 04

Нереформираната СДС предводена од Филипче во сенката на Заев, доживеа историски дебакл на овие избори. Владеењeто на Филипче и Заев со СДС, ја доведе партијата до колапс, а за тоа сведочи и исходот од овие локални избори на кои СДС освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници. Истовремено ги изгуби и своите некогашни бастиони, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. -Се дури СДС е управувана од дуото Филипче-Заев, партијата е далеку од било каква можност за прогрес, консолидација и реформација. За СДС, неопходен е прекинот на папочната врвца со Филипче и Заев, ако сака политички да преживее. Доколку…

Повеќе

Во масовен ноќен напад, Русија искористила над 450 дронови и 45 ракети за да ја нападне Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски. Најголеми последици од гранатирањето има во градот Дњепар, каде што е погодена станбена зграда. Како последица на нападите, едно лице загина, а 11 се повредени во Дњепар, меѓу кои и деца. Има и жртви во регионите Харков, Киев и Полтава. Зеленски истакна дека додека Русија ги напаѓа станбените згради и енергетската инфраструктура, притисокот врз Москва мора да биде посилен. „Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да…

Повеќе

На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“. По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по…

Повеќе

Вчера во 18:30 часот на ул. „Момир Андоноски” во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.И.(24) од с.Србиново, гостиварско. При преглед кај него се пронајдени и одземени две кеси со марихуана. А.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Повеќе

На 07.11.2025 во 14:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во населба „Фазанерија 2″ во Гостивар, го лишија од слобода А.К.(28) од Гостивар. Во 12.35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошните простории на Ј.К.(33). При претресот Ј.К. не бил во домот, туку таму бил затекнат неговиот брат А.К.. При тоа биле пронајдени марихуана, дигитална вага и пари. А.К. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за измерените врнежи во изминатото деноноќие. Најмногу дожд наврнал во Пожаране и Попова Шапка, каде се измерени 32 литри на метар квадратен. МестоВрнежи (л/м²)Пожаране, Попова Шапка32Маврови Анови, Крушево23Тетово21Претор20Лазарополе14Гевгелија11Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тополчани6Штип, Кавадарци1 До вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи. Денеска, метеоролозите предупредуваат дека на одредени места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со можност да надминат 30 l/m2 за 24 часа, придружени со засилен ветер од јужен правец и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 12 и 17 степени Целзиусови.

Повеќе

Италијанската полиција уапсила општ лекар од покраината Тренто под сомнение дека извршил десетици операции на обрежување врз момчиња од странско потекло во неговата ординација. Освен што немал лиценца за работа, ординацијата била и исклучително хигиенски несоодветна. На докторот му помагале неговите синови, иако тие немале квалификации за работа како медицински техничари. Интервенциите биле извршени во сосема несоодветни услови, па некои од момчињата морале да побараат помош во итната помош. Едно од нив, според истрагата, завршило во болница поради труење со бензодиазепини што докторот му ги дал во предозирање за да се смири за време на операцијата. Според утврдените податоци, најмалку…

Повеќе

Утре се одбележува Митровден, празник посветен на Свети Димитриј Солунски, маченик и командант од 3 век. Според преданието, Димитриј одбил да ја изврши наредбата на царот Максимилијан за прогонство на христијаните, јавно проповедајќи ја христијанската вера. Поради ова, царот наредил тој да биде фрлен во затвор, мачен и погубен. Христијаните од Солун тајно го погребале. Подоцна, на местото на неговиот гроб била изградена црква. Народни верувања и обичаи: Митровден е празник поврзан со многу народни верувања. Уште од дамнина, според времето на овој ден се предвидувала претстојната зима.Ако врне дожд и мразови – можеме да очекуваме долга и студена зима…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист; велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на ним, за кои има основани сомнение или пресуди за сторен криминал, шетаат слободно по улиците. Апелираме до надлежните институции да постапат по случајот и да го истражат…

Повеќе