Author: Author 04

Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари. По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С.…

Повеќе

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки.

Повеќе

Gemini овозможува разговор со корисниците и помага во пронаоѓањето локацииКорисниците можат да добиваат информации за сообраќајот и предупредувања за несреќиНова опција за насочување на лента со камериGoogle објави нови функции за своите Maps, чија употреба дополнително ќе биде подобрена со вештачка интелигенција, односно нивниот четбот Gemini. Во иднина, корисниците ќе можат да разговараат со овој четбот во апликацијата на начин сличен на разговор со луѓе. Вештачката интелигенција ќе одговара на нивните прашања и ќе им помага да пронајдат кафулиња, ресторани или бензински пумпи, сè додека возачите ги држат рацете на воланот. На пример, ќе биде можно да се праша дали…

Повеќе

Во просек, секој ден по скоро еден нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година) во Македонија се изградени нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан што се одржа во Тирана, Албанија. -Производството на електрична енергија од сонце е реалност – Елдорадото на фотоволтаични централи ја…

Повеќе

Вчера во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(45) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од помошник на министерот на Центар за обука учествува на 14. Меѓународна конференција и Генерално собрание на Меѓународната асоцијација на полициски академии каде членуваат околу 85 полициски академии од 65 држави во светот, која од 06 до 09 ноември се одржува во Кападокија, Република Турција. На Генералното собрание со гласање на сите членки, Центарот за обука на МВР стана дел од Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација ИНТЕРПА. Во апликацијата за влез во Извршниот одбор, помошник министерот Митковски ги истакна постигнатите резултати во работата на Центарот за обука и тековните реформи на МВР во…

Повеќе

Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, велат од СДСМ.  „Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот.  Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери. Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Додека светот…

Повеќе

Утре се одбележува Митровден, празник посветен на Свети Димитриј Солунски, маченик и командант од 3 век. Според преданието, Димитриј одбил да ја изврши наредбата на царот Максимилијан за прогонство на христијаните, јавно проповедајќи ја христијанската вера. Поради ова, царот наредил тој да биде фрлен во затвор, мачен и погубен. Христијаните од Солун тајно го погребале. Подоцна, на местото на неговиот гроб била изградена црква. Народни верувања и обичаи: Митровден е празник поврзан со многу народни верувања. Уште од дамнина, според времето на овој ден се предвидувала претстојната зима.Ако врне дожд и мразови – можеме да очекуваме долга и студена зима…

Повеќе

ОвенДенес финансиски и практични теми може да ве натераат да размислите за промена на планот или пристапот. Луѓето околу вас можат да бидат чувствителни и реактивни, па избегнувајте конфликти и држете се подалеку од драматични разговори. Работете на долгорочни цели и останете трпеливи. Мал напредок е доволен. БикУран повторно се враќа во вашиот знак и носи нов круг на промена — но овојпат вие сте поцврсти, попаметни и посвесни за тоа што сакате. Може да почувствувате потреба да направите нешто поинаку во рутина, кариера или личен простор. Бидете отворени за нови решенија. Не се вплеткувајте во туѓи емоционални реакции. БлизнациДенес ви…

Повеќе

Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар. Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДС наместо промени и…

Повеќе