- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
- Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл: „Пак би го направил истото“
- Во движење запалено возило во Скопје
- Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец
Author: Author 04
Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта. На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска. Ученици во „Браќа Миладиновци“ низ игра и креативна работилница, меѓу другото, се запознаа со даноците. „За да имаме одговорни граѓани и идни генерации кои се свесни за значењето на даноците, мора да работиме на…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија, при што претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, не очекува значителни промени во овој дел. Бислимоски, кој присуствуваше на конференција на МАРЕС, објасни дека барањата од енергетските оператори не навестуваат драстични промени: „Не верувам дека ќе има било какви поместувања на цените за пренос и дистрибуција“ – изјави Бислимоски. Крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи, која ја соопштува ЕВН Хоум како универзален снабдувач, ќе биде позната по завршувањето на тендерот и утврдувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Во Ресен таа го посети Домот на културата ,,Драги Тозија”, познат како ресенскиот сарај. Објектот го градел еден од водачите на младотурската револуција, Ахмед Нијази Бег на почетокот на 20-тиот век и во него се наоѓа спомен собата на Кераца Висулчева во којашто се изложени дел од цртежите и сликите од нејзиното творештво. Претседателката искажа верување дека свое заслужено катче во сарајот ќе добие и ресенчанката Наде Проева, истакната македонска историчарка и професорка. Таа ја разгледа и спомен-куќата на Татарчеви, во којашто се чуваат предмети од ова познато семејство, како…
Водена од желбата за заштита на Преспанското Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Пред неа и пред градоначаналникот Јован Тозиевски, на дебатата во Отешево, повеќе од 15 претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, невладиниот сектор и други државни и локални институции ги образложија причините за алармантното намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро. Врз основа на научни анализи и докази, како клучни фактори ги посочија климатските промени, намалените врнежи од дожд и снег, понирањето, како и прекумерното користење на водата за наводнување. Присутните на дебатата нагласија дека повлекувањето на Преспанското…
Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на МРТВ. За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба во Владата со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот. По средбата следува потпишување договор за соработка меѓу Владата и ЕИБ и заедничка прес-конференција на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот.
Според Законот за празниците, претстојната 2026 година носи повеќе можности за одмор со многу неработни денови кои паѓаат во понеделник, петок или се пренесуваат од викенд, овозможувајќи повеќе тридневни одмори.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година неработни денови се:За сите граѓани на РМ: За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница За граѓаните припадници на српската заедница За граѓаните припадници на ромската заедница За граѓаните припадници на влашката заедница За граѓаните припадници на еврејската заедница За граѓаните припадници на бошњачката заедница За граѓаните…
Коалицијата ВЛЕН високо ја цени посветеноста и визијата на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, на Регионалната конференција за безбедност „WB–EU: Shared Security, Shared Future”, која се одржа во Скопје со учество на претставници на владите од регионот, Европската Унија, Италија и меѓународни партнери, се наведува во соопштението од ВЛЕН. „На овој важен настан, вицепремиерот Фетаи јасно ја претстави филозофијата на новата влада дека безбедноста не се гради врз страв, туку врз доверба, интегритет и силни институции. Ова е и патот кон градење стабилна, демократска држава способна да се соочи со современите предизвици на времето. За ВЛЕН, визијата за добро…
Маж кој го протресе бебето на својата тинејџерка девојка до смрт само една недела откако се запознаа се соочува со долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за убиство! Киран Хамфрис (33) беше оставен да се грижи за синот на Саскија Вудбриџ (19), момче по име Арчи, додека таа накратко отиде да си ги средува ноктите, објави Дејли Меил. Додека таа беше отсутна, Хамфрис го изгуби трпението со шестмесечното дете на кое му растеа заби и „го зграпчи и го протресе силно“. Потоа Монструм се обиде да „си ја спаси кожата“ убедувајќи ги другите, вклучително и неговата „наивна“ млада…
Овен Огнената конјункција во Стрелец ви носи храброст да оживеете стара идеја или план што сте го затвориле премногу рано. Денес имате енергија за прв чекор, но Месечината во Девица бара тоа да го правите внимателно и со структура. Ви годи друштво на Стрелци, затоа што ве поддржуваат во движeње напред, додека избегнувајте Бикови, чие бавно темпо денес ве нервира. Бик Денот ве поттикнува да расчистите нешто што ве мачи подолго време, особено ако е поврзано со ресурси, организација или некој стар финансиски план. Месечината во Девица ви ја враќа контролата и земјената смиреност. Дружењето со Девици ви одговара бидејќи ви носи ред…
