Author: Author 04

Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина во Истанбул, но Киев сè уште не одговорил на претходните предлози, изјави во среда рускиот вршител на должноста амбасадор во Турција, Алексеј Иванов. „Руската страна постојано нагласуваше дека сме подготвени да продолжиме со директните преговори со украинската страна. Нашите турски партнери, исто така, постојано нагласуваа дека Истанбулската платформа ни останува достапна, таа врата останува отворена“, изјави Иванов за руската државна новинска агенција ТАСС, објави агенцијата Анадолу (АА). Тој додаде дека Русија претходно презентирала неколку иницијативи, вклучително и предлози за формирање три работни групи преку интернет, но дека Украина сè уште не…

Повеќе

Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков и претставници на Советот на општината. На средбата се разговараше за клучните активности на Министерството, тековните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Министерот Перински го претстави Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, подготвен во рамки на воспоставениот Ресурсен центар. Прирачникот претставува практичен документ наменет да им помогне на новоизбраните градоначалници во првите месеци од нивниот мандат, со јасни чекори и насоки…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. Малолетникот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г.(66) од Радовиш, по што возачот со возилото го напуштил местото, но потоа самиот се вратил. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Г., констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото изврши екипа на ОВР Радовиш. 

Повеќе

Вчера во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„4 Ноември“, ул.„Влатко Миленковски“ и ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О.(20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Повеќе

Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Јани Лукровски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(24) од Скопје, удрило во 65-годишната С.Т. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

НВо текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(25), П.Т.(19), Ѓ.Д.(44), С.Г.(28), Е.Г.(29) и Џ.Е.(32), сите од Скопје и В.С.(29) од Штип, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Т. од с.Блаце, општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 21.02.2025 пријавениот склучил договор кај нотар со друго лица за купопродажба на патничко возило „мерцедес“, по што на негово барање лицето дозволило возилото да остане уште неколку дена кај С.Т.. Но, и по завршување на рокот, С.Т. не му го дал возилото на лицето, туку го продал на трето лице.

Повеќе

Создавањето зелени работни места во Македонија мора да биде приоритет!, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Денес, на покана на австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Памер, Ѓорѓиевски учествуваше на конференцијата посветена на креирањето на зелени работни места во Македонија. Заедно со заменик-министерот за економија Марјан Ристески, Бен Нупнау – заменик шефот на делегацијата на ЕУ, аташето за социјална грижа во австриската амбасада Харолд Бреза, имаа одлична дебата на оваа тема. Ова всушност е моето прво обраќање на некоја конференција откако станав градоначалник на Град Скопје и морам да го искажам моето задоволство што тоа се случува на ваков собир,…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар. Гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди, соопштија од МВР.

Повеќе