Author: Author 04

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска на панел дискусија посветена на Коридорот Е-75, ги претстави амбициозните планови на Владата за подобрување на инфраструктурата и зајакнување на туристичкиот потенцијал на регионот. Николоски истакна дека целта на Владата е да ги „задржи туристите кои транзитираат низ Коридорот 10“, претворајќи ја главната европска рута од само транзитен коридор во развојна оска. „Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун,“ најави Николоски, нагласувајќи го значењето на железничкото поврзување.

Повеќе

По потпишувањето на Спогодбата за отворање претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Скопје, потпретседателот Роберт Де Грот истакна дека овој чин не е само формалност, туку и „нова одредница“ која е дел од пристапното патување на Северна Македонија кон ЕУ. Де Грот потврди дека ЕИБ е активна во земјата од 1991 година, со договорени инвестиции од над 1,6 милијарди евра за поддршка на економијата, инфраструктурата и малите и средни претпријатија (МСП). Отворањето на претставништвото, кое е во план од 2022 година, ќе овозможи портфолиото на ЕИБ да расте „во согласност со приоритетите на Владата“. Де Грот нагласи дека соработката…

Повеќе

Владата на Северна Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Овој чин, кој следеше по средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот, е оценет како значајна потврда за довербата на Европската Унија во економскиот потенцијал на земјата. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на заедничката прес-конференција истакна дека отворањето на канцеларијата е „значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската Унија“. Министерот Муцунски ги потенцираше досегашните резултати од партнерството со ЕИБ: Отворањето на претставништвото ќе има директно практично значење за државните и…

Повеќе

Вчера во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.

Повеќе

Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта. На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска. Ученици во „Браќа Миладиновци“ низ игра и креативна работилница, меѓу другото, се запознаа со даноците. „За да имаме одговорни граѓани и идни генерации кои се свесни за значењето на даноците, мора да работиме на…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија, при што претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, не очекува значителни промени во овој дел. Бислимоски, кој присуствуваше на конференција на МАРЕС, објасни дека барањата од енергетските оператори не навестуваат драстични промени: „Не верувам дека ќе има било какви поместувања на цените за пренос и дистрибуција“ – изјави Бислимоски. Крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи, која ја соопштува ЕВН Хоум како универзален снабдувач, ќе биде позната по завршувањето на тендерот и утврдувањето…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Во Ресен таа го посети Домот на културата ,,Драги Тозија”, познат како ресенскиот сарај. Објектот го градел еден од водачите на младотурската револуција, Ахмед Нијази Бег на почетокот на 20-тиот век и во него се наоѓа спомен собата на Кераца Висулчева во којашто се изложени дел од цртежите и сликите од нејзиното творештво. Претседателката искажа верување дека свое заслужено катче во сарајот ќе добие и ресенчанката Наде Проева, истакната македонска историчарка и професорка.  Таа ја разгледа и спомен-куќата на Татарчеви, во којашто се чуваат предмети од ова познато семејство, како…

Повеќе

Водена од желбата за заштита на Преспанското Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Пред неа и пред градоначаналникот Јован Тозиевски, на дебатата во Отешево, повеќе од 15 претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, невладиниот сектор и други државни и локални институции ги образложија причините за алармантното намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро. Врз основа на научни анализи и докази, како клучни фактори ги посочија климатските промени, намалените врнежи од дожд и снег, понирањето, како и прекумерното користење на водата за наводнување. Присутните на дебатата нагласија дека повлекувањето на Преспанското…

Повеќе

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на МРТВ. За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба во Владата со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот. По средбата следува потпишување договор за соработка меѓу Владата и ЕИБ и заедничка прес-конференција на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот.

Повеќе