Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Аеродром прва во државата воведува Фискална едукација во основните училишта

    Општина Аеродром прва во државата воведува Фискална едукација во основните училишта

    12.11.2025 во 11:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта.

    На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска.

    Ученици во „Браќа Миладиновци“ низ игра и креативна работилница, меѓу другото, се запознаа со даноците.

    „За да имаме одговорни граѓани и идни генерации кои се свесни за значењето на даноците, мора да работиме на информирање и градење на знаењето. Даночната култура и даночната свест започнуваат од знаењето, а знаењето започнува во образовниот процес. Управата за јавни приходи долги години спроведува активност, фискална едукација на млади, досега претежно во средните училишта. Оваа активност од минатата година ја освеживме со нови содржини, посовремени, поинтересни и поблиски до денешните генерации, нагласи Петрова во изјава за медиуми.

    Како на пример, додаде, видео – клипот данок плати, во иднина да ти се врати, даночен квиз што може да се симне и да се користи на компјутери, мобилни уреди и слично.

    „Сега одиме чекор понапред и фискалната едукација на млади ја симнуваме и во основните училишта. Едукатори од УЈП заедно со наставници од основните училишта ќе работат со децата, со учениците, на еден забавен, интерактивен начин со интерактивни, креативни игри и задачи, да им пренесат, како се собираат даноците, како се трошат парите од даноците и дека фискалната сметка не е обично парче хартија, туку е еден симбол на заеднички придонес на сите нас, истакна Петрова.

    Таа појасни дека овој проект, за фискална едукација во основните училишта, започнува во ова училиште и изрази благодарност за поддршката во процесот, до вработените, до градоначалникот и Министерството за образование и наука.

    Притоа нагласи дека веруваат оти со ваквите активности, се зголемува вредноста на разбирањето на дечињата и тие ќе знаат дека секој денар данок платен денес, значи, подобро општество утре.

    Ивановска појасни дека од денеска во училиштата во општина Аеродром, најмалите ќе имаат можност да се запознаат со значењето на даноците, начинот на кој функционира даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции. Но, и за важноста за совесно и одговорно однесување и транспарентно однесување со јавните средства. Притоа изрази благодарност за поддршката, до УЈП, градоначалникот и МОН.

    Митески изрази задоволство што токму општина Аеродром е прва, во која започнува овој проект за фискална едукација на учениците, најмладите. Тој изрази надеж дека тоа ќе вроди со позитивни резултати и искажа благодарност до УЈП и МОН, за спроведувањето на овој проект, за првпат во основните училишта во државата.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

    20.10.2026 во 22:00

    Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

    20.10.2026 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.