Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР за големата акција во три градови во Македонија: На удар криминална група за криумчарење и корупција
    • Цана: По 28-дневна битка на Инфективната клиника почина пациент како последица на Западнонилската треска
    • Голф слета во провалија, загинаа две девојки – Страшна несреќа кај Коњиц
    • По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони
    • Утре пристигнува првиот снег во регионот
    • Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Добри вести утрово: Цената на нафтата падна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Царински акции: Запленети 92 грама злато, „Ејпл“ уреди и 37.500 евра

    Царински акции: Запленети 92 грама злато, „Ејпл“ уреди и 37.500 евра

    07.11.2025 во 11:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки.

    • Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади денари.
    • Во друг случај царинските службеници од Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на багаж на патник, македонски државјанин, кој допатувал со лет од Лондон пронајдоа два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот „Ејпл“.
    • Вкупно 37.500 евра се запленети од страна на мобилните царински тимови, во два одвоени случаи на влез во државата на граничен премин Табановце.
    • Во првиот случај, при личен претрес на српски државјанин кој со автомобил со српски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, во џебовите од неговата јакна биле пронајдени непријавени 24 илјади евра. Согласно закон, му биле вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а останатите 14 илјади биле привремено задржани. 
    • Во вториот случај, во фиоката пред совозачкото седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени непријавени 25.500 евра.  Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 23.500 евра биле привремено задржани.
    • 96 кутии цигари без акцизни маркички и 34 ремени за прицврстување товар во товарни возила, се откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Ново Село.
    • Во првиот случај, во багажниот простор на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 96 кутии цигари без акцизни маркички и 10 ремени за товар.
    • Во вториот случај, во багажниот простор на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 24 ремени за товар.
    Прочитај повеќе

    МВР за големата акција во три градови во Македонија: На удар криминална група за криумчарење и корупција

    21.09.2026 во 12:05

    Цана: По 28-дневна битка на Инфективната клиника почина пациент како последица на Западнонилската треска

    21.09.2026 во 11:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.