Author: Author 04

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави во земјата. Според мапата на УХМР, најризични се регионите во западниот и источниот дел, каде постои можност за излевање на реките и водотеците. Хидрометеоролозите предупредуваат дека интензивните врнежи во следните денови можат значително да ја зголемат опасноста од локални поплави, особено во низинските области.

Повеќе

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало. Конструкцијата, со димензии 15 x 5,7 метри, беше изградена без одобрение за градење и го узурпираше заедничкиот простор предвиден за граѓаните. „Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Градежниот инспектор издаде решение со кое на инвеститорот…

Повеќе

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба. Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа. Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18). Од јавното претпријатие информираат дека со…

Повеќе

Она што започнало како нежна онлајн комуникација преку Инстаграм, за Патриша од Швајцарија се претвори во едногодишна агонија и финансиска загуба од околу 100.000 евра. Во мај 2024 година, по следењето на официјалната страница на Бред Пит, таа добила порака од наводен менаџер, по што започнала директна, интимна комуникација со измамник кој се претставувал како актерот. „Љубов моја, ти си мое сè сега и засекогаш“ – била една од романтичните пораки со кои измамникот ја убедил Патриша дека градат тајна врска. Барањата за пари започнале со 50.000$ долари за наводна „такса за приватна средба“ со менаџментот, а потоа следеле 10.000$…

Повеќе

Овен Месечината во Риби ви го активира најчувствителниот дел од личноста, но Марс во Стрелец ве прави нетрпеливи и брзи во реакција. Ова може да создаде судир меѓу тоа што го чувствувате и тоа што мислите дека треба да правите. Денес лесно можете да се испровоцирате, па најдобро е да ја потрошите енергијата во физичка активност или работа што бара фокус. Првата четвртина во Риби ве повикува на тивка анализа – не мора сè да се реши на глас. Бик Овој ден ви носи суптилен внатрешен немир, не силен, но доволен да ве направи раздразливи. Избегнувајте конфликти, нема да резултираат…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за обилни врнежи во изминатите 24 часа. Најмногу дожд, 50 литри на метар квадратен, наврнал во Струмица. Обилни врнежи се евидентирани и во Пожар (34 л/м), Гевгелија (25 л/м2), Демир Капија и Битола (20л/м2), и Штип (20 л/м2). Во Скопје денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината се очекуваат дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени, при што ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Повеќе

Македонија до 2031 година ќе има нова двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата карго линија ќе почне со сообраќај во 2028 година. Започнавме со подготвителни работи на терен, подготовките одат добро, а изградбата ќе започне најдоцна идната есен, истакна во вчерашното гостување во “Само интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Потпретседателот на Владата информираше дека интензивно се работи на подготвителните работи и на изработката на студиите за влијание на проектот врз животната средина и екологијата. “ Во моментов ги работиме сите подготвителни работи. Тоа го работиме со меѓународна поддршка…

Повеќе

Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само интервју” на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство. Коментирајќи ги забелешките за работата на судските органи, тој вели дека видни се притисоците од меѓународниот фактор, иако судството не покажува никакви резултати. “Излезете надвор од Скопје и најубавите куќи се на цариник, судија и обвинител и ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите, не дај Боже и прав…

Повеќе

Со секој изминат ден криминалните структури на СДС се повеќе излегуваат на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Случајот со државните стокови резерви ја покажа целата нечесност и криминогеност на кадрите на СДС, кои лична корист се спремни да го жртвуваат дури и лебот на народот.  Во последната акција на истражните органи, заедно со уште четири службени лица, опфатен е Трајан Димковски, дел од раководните структури на СДС кој е поранешен министер и заменик министер за земјоделие, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски. Димковски се товарат дека во периодот од 2019-2021 година, заедно со другите службени лица, направил отпис на…

Повеќе

Следен и последен неработен ден е 8 декември(понеделник) – што е и последен продолжен викенд годинава.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ За граѓаните припадници на бошњачката…

Повеќе