- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
- Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
- Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
- Скокна цената на нафтата
- Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
- Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
- Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
- Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно ги демантираше медиумските извештаи дека неговиот помал син, кој посетува настава во училиштето „Димо Хаџи Димов“ каде што пред неколку дена имаше труење, бил хоспитализиран и во тешка состојба. „Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека е хоспитализиран. Сакам да демантирам. Не беше. Беше во состојба во која беа и сите други дечиња… Морам да признаам дека тоа не е вистина,“ рече Мицкоски. Премиерот потврди дека неговиот син Антони бил жртва на труењето и три дена примал инфузија поради што не одел на училиште. Тој изрази надеж дека детето денеска е…
Вчера во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М.. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, рече на денешната прес-конференција, Александар Димитриевски од редовите на СДСМ. Според нашите инфорации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите, вели Димитриевски. Димитриевски нагласи дека оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник. „Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за…
Судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи, продолжи со сведочење на раководителката на финансиското работење на Клиниката за онкологија. Обвинетите се товарат за незаконска набавка на лекови и присвојување на дел од терапијата. Сведокот ги потврди своите надлежности за финансиско и сметководствено работење во периодот 2018-2022, но откри: „Ингиренциите ми беа одземени од крајот на 2019 почетокот на 2020 година.“ Таа објасни дека по тринеделен ковид-карантин, открила дека нејзината клучна обврска – подготвување на налозите за плаќање спрема набавувачите – била пренесена на колешка без писмено решение. Сведокот…
Вчера во 08:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.М.(47) од село Миравци. При преглед кај него била пронајдена марихуана. Истиот ден бил извршен и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и А.З.(46) од Струмица, сопственик и управител на правното лице, поради основи на сомневање дека во три наврати сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот закон. Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а А.З. во својство на управител на правниот субјект, во 2023 година избегнувајќи законска даночна обврска пријавиле помал излезен данок во вкупен износ од 1.986.083 денари, со што постапиле спротивно на одредбите од Законот за додадена вредност. Исто така, правното лице како даночен обврзник и управителот не пресметале и не…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д.(50) и Ј.С.(44), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик. На 19.10.2025, за време на локалните избори, двајцата се затекнати како со пари и список со лични податоци и адреси на живеење на лица со право на глас од Охрид, се движеле од куќа во куќа и на евидентирани лица со избирачко право, им нуделе и делеле парични средства со намера да придобијат односно да го извршат избирачкото право во корист на кандидатот за градоначалник на една политичка…
Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава. Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. -Со оваа постапка, се поставува прашањето дали Заев, Филипче и Николовски биле свесни за криминалот што се случувал во Агенцијата за стокови резерви? Дали Димковски за овој…
Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќање по повод Денот на даночните работници, истакна дека силна економија и одржливи јавни финансии се невозможни без ефикасна и чесна даночна администрација. Тој ги презентираше постигнатите резултати, кои, според него, ја потврдуваат стабилноста на економијата.„Од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра. Тоа е за 260 милиони евра повеќе од минатата година. Во првите десет месеци имаме: раст на даночната нето наплата од над 6%, раст на социјалните придонеси од речиси 15%“, посочи Мицкоски. „Ова значи дека економијата расте. Активноста се зголемува. Компаниите работат. Платите растат.…
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба…
