Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Наумоски: Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на резултатот дека се четврта партија на избори
    • Вработените ќе добијат најмалку 740 евра до 18 декември – воведен задолжителен божиќен бонус во Словенија
    • Тренчевска: Следува нов ценовен удар, од Нова години повисоки сметки за струја и парно
    • Специјалците од „Тигар“ меѓу најдобрите на меѓународен натпревар – Добија и признание за фер-плеј
    • Мицкоски од Црна Гора: Македонија одамна заслужи да биде дел од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: Општина Босилово се гради со конкретни проекти, видливи резултати и визија за подобра иднина на сите граѓани
    • ГАЛЕРИЈА: Почна реконструкцијата на две клучни улици во Бутел – Ѓорѓиевски вели „зборот е збор”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во Просениково: Маж се обидел да ја убие сопругата со пестицид и нож, децата ја спасиле

    Хорор во Просениково: Маж се обидел да ја убие сопругата со пестицид и нож, децата ја спасиле

    28.11.2025 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

    Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга.  Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.

    Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.

    Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави. Од тие причини, според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    Фатен по потерница – Маж ќе лежи во Идризово

    22.10.2026 во 10:59

    Македонската полиција им упаднала дома: Две лица веднаш приведени

    22.10.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.