- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември. Одлуката каснеше неколку месеци поради тоа што Комисијата ја чекаше проценката на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ неопходен за утврдување на конечната тарифа. Првичните најави уште од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија побарале околу 50 проценти повисока цена. И во пресрет на денешната седница, тие повторно доставиле пресметки со зголемени трошоци. Одлуката што ќе биде донесена денеска треба да даде појасна слика дали и за колку ќе поскапи парното греење за домаќинствата и за деловните…
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, велат од СДСМ. „Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а немаше да го доведе под прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра. Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12.000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на…
Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира промена на трендовите во третото тримесечие од годинава: помалку склучени и значително повеќе разведени бракови. Во овој квартал, бројот на склучени бракови е 3.514, што е намалување од 2.8% во споредба со истиот период од 2024 година. Најдрастичен е растот на разведените бракови, кои достигнале 470. Ова претставува зголемување од 27.7 % во однос на лани.
Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица, соопшти ЦУК. „Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово. Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта. На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на…
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“…
Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во источните делови на земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, додека на повисоките места се очекува мешан дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде облачно со дожд, додека во повисоките делови на котлината ќе има мешавина од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои гипокажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување на едносменска настава и продолжен престој, затоа што нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат 900 часови помалку на училиште во споредба со нивните врсници во Европа. За одделенските наставници од следната година ќе има задолжителна обука за читање со разбирање.Ова…
СВР Скопје вчера евидентира два одвоени инцидента на насилство во семејства што се наоѓаат во бракоразводна постапка.Вчера во 11:40 часот е приведен М.К. (31) од Скопје, откако неговата 30-годишна сопруга пријавила дека тој ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот, против приведениот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 13:50 часот, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К. (43), со кого исто така се во бракоразводна постапка.
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, З.В.(47) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од негова соученичка, стои во денешниот полициски билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува засилени и вонредни инспекциски надзори кај трговците низ целата држава поради најавените „Black Friday“ продажни акции. Како што информираат од Инспекторатот, контролите ќе бидат насочени кон спречување на нечесни трговски практики и обезбедување целосно почитување на законските обврски при нудењето попусти. Од таму исто така апелираат трговците да обезбедат фер и транспарентни услови за купувачите и строго да се придржуваат до правилата за означување на цени и попусти. Инспекторатот најавува дека секоја неправилност, обид за доведување во заблуда или измамничко однесување кон потрошувачите ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Воедно, граѓаните се охрабруваат да…
