Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Правиме крупни образовни промени за поквалитетни знаења на нашите ученици

    Јаневска: Правиме крупни образовни промени за поквалитетни знаења на нашите ученици

    27.11.2025 во 17:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои ги
    покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување на едносменска настава и продолжен престој, затоа што нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат 900 часови помалку на училиште во споредба со нивните врсници во Европа. За одделенските наставници од следната година ќе има задолжителна обука за читање со разбирање.

    Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање што презема министерството за да го подобри квалитетот на образованието кој се огледува преку ниските постигања на учениците на меѓународните тестирања.

    „Спроведуваме политики кои се креирани заедно со многу домашни и странски експерти кои работат во образовната сфера, но и со наставниците, кои пак со повеќе мерки ги мотивираме да бидат креативни и слободни при планирањето на наставата, за да ја направат интересна за учениците и ефективна. Ја продолживме старата Концепција за основно образование, но со измени кои ќе влијаат врз знаењата на учениците“, рече Јаневска.

    Нагласи дека силна страна на националниот образовен систем е стручното образование. Во последните две години во средно образование се запишуваат околу 17 илјади ученици од кои 12 илјади или 70% се во стручни училишта.

    „Имаме околу 4 илјади ученици во дуални паралелки во кои практичната настава ја реализираат 700 компании, најмногу досега. Дел од компаниите ги посетив и тие се задоволни од знаењата кои ги поседуваат децата. Затоа, ќе продолжиме да го развиваме концептот на дуално образование заедно со бизнис заедницата и со повеќе наши партнери меѓу кои амбасадите на Швајцарија, Германија, Австрија и Шведска“, рече Јаневска, потсетувајќи дека во земјата досега се основани седум регионални центри за стручно образование и обука, а осмиот ќе биде формиран следната календарска година.

    Прочитај повеќе

    Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

    19.09.2026 во 14:23

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.