Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска во Брисел: Создаваме услови за зачувување на младите истражувачи во земјата
    • Тозиевски: Се гради пешачко-велосипедска патека од 180 км и се инвестира во комуналната мрежа во Ресен
    • Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
    • Потоп па стабилизација – УХМР соопшти какво време нè очекува за продолжениот викендот
    • Наумоски: Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на резултатот дека се четврта партија на избори
    • Вработените ќе добијат најмалку 740 евра до 18 декември – воведен задолжителен божиќен бонус во Словенија
    • Тренчевска: Следува нов ценовен удар, од Нова години повисоки сметки за струја и парно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Герасимовски: Отстранета дивоградба на улица Орце Николов, продолжуваме со расчистување на бесправните објекти

    (ФОТО) Герасимовски: Отстранета дивоградба на улица Орце Николов, продолжуваме со расчистување на бесправните објекти

    28.11.2025 во 10:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало.

    Конструкцијата, со димензии 15 x 5,7 метри, беше изградена без одобрение за градење и го узурпираше заедничкиот простор предвиден за граѓаните.

    „Јавните површини  во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

    Градежниот инспектор издаде решение со кое на инвеститорот „Екотон  Дизајн“ му беше наложено да ја отстрани нелегалната доградба. Бидејќи инвеститорот не постапи по решението и по неколкуте опомени, општинските служби ја отстранија бесправно изградената конструкција.

    Општина Центар спроведува континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.

    Целта е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

    22.10.2026 во 12:25

    ГАЛЕРИЈА: Почна реконструкцијата на две клучни улици во Бутел – Ѓорѓиевски вели „зборот е збор”

    22.10.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.