Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Првата линија од брзата пруга за карго сообраќај ќе ја имаме во 2028 година

    Николоски: Првата линија од брзата пруга за карго сообраќај ќе ја имаме во 2028 година

    28.11.2025 во 10:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија до 2031 година ќе има нова двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата карго линија ќе почне со сообраќај во 2028 година. Започнавме со подготвителни работи на терен, подготовките одат добро, а изградбата ќе започне најдоцна идната есен, истакна во вчерашното гостување во “Само интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Потпретседателот на Владата информираше дека интензивно се работи на подготвителните работи и на изработката на студиите за влијание на проектот врз животната средина и екологијата.

    “ Во моментов ги работиме сите подготвителни работи. Тоа го работиме со меѓународна поддршка и финансирање на Велика Британија, или популарно наречен УКЕФ. По препорака на УКЕФ одбравме компанија, тоа е Ај-Ер-Ем, која што во моментов ги работи сите потребни технички документи за реализација на Коридорот. Треба да поминат најмалку две сезони во делот на заштита на екологијата, како би се видело какви влијанија би имала во делот на животната средина и се надевам дека доколку се е во ред, некаде јуни/јули ќе можеме да го имаме сето ова завршено и некаде крај на летото, почеток на есента следната година, да ги видиме првите багери на терен. Рокот на завршување ќе биде 5 години, така што се надевам дека 2031 ќе имаме брза, двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата линија која што ќе е карго линија, ќе ја имаме во 2028 год” – потенцираше вицепремиерот Николоски, кој вети целосна транспарентност пред јавноста околу финансирањето на брзата пруга.

    Моделот на изградба на пругата е одбран на начин, пругата да биде завршена во предвидениот рок.  

    “Сметаме дека моделот кој што ние го избравме “проектирање и изградба” е најдобар начин за мали држави како Македонија, кои што имаат мали човечки капацитети и да се одбегнат одлагања и да се одбегнат зголемувања на цена. Ние ќе го врземе завршувањето на проектот, минимум со грејс период, односно не сакаме да се доведеме во ситуација, каква што сега имаме на пример со кинеската ЕКСИМ Банка, да враќаме пари за Охрид-Кичево, а автопатот да не е завршен” , рече Николоски.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.