Author: Author 04

На Украина ѝ е потребна сопствена балистичка ракета за да избегне зависност од политичките одлуки на своите партнери, изјави главниот дизајнер на „Фајр Поинт“ Денис Штилерман во коментар за BBC Украина. Штилерман изјави дека компанијата има намера да ги заврши сите формални процедури за воведување во употреба на новата украинска балистичка ракета FP-7 до крајот на оваа година. Тој додаде дека FP-7 се развива како ракета со голема брзина што треба да одговара на нивото на комплексот од класата С-400. Се наведува дека овој комплекс се развива како средство способно за поразување на руските системи за воздушна одбрана околу главниот…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Хрватска „се вооружува со драматична брзина“, коментирајќи го неодамнешниот договор за купување на германски тенкови „Леопард“. Вучиќ оцени дека побарувачката за оружје расте низ целиот регион и Европа, но нагласи дека Србија ќе преземе мерки за да го зачува мирот. Тој ја критикуваше реакцијата на Хрватска на српската набавка на авиони „Рафал“ како „нервозна“, порачувајќи дека Србија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска за да дејствува како одвраќачка сила. Според Вучиќ, состојбата во српската армија е „неспоредлива“ со онаа од пред десет години, со оглед на тоа што секојдневно пристигнува нова опрема. Тој…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја најави реализацијата на новиот Луна Парк, со тоа што официјално започна јавната набавка за негово проектирање и монтажа. Паркот, најавен како ултра модерен и еден од најдобрите во регионот, ќе се протега на 84.000 квадратни метри и ќе понуди ролеркостери, водени атракции, виртуелна реалност, панорамско тркало и други реквизити. Ѓорѓиевски посочи дека јавната набавка означува крај на децениските оддолговлекувања.„Паркот ќе биде целосно прилагоден за лица со попреченост“, рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека паркот ќе има најсовремени системи за безбедност и видео надзор. „По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото…

Повеќе

Вчера во 16:00 часот во СВР Битола, Х.Ѓ. (27) од село Бистрица, битолско, пријавила дека на 10.12.2025 во 19:20 часот во спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола, за време не ракометниот натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар од Скопје, била погодена со тврд предмет во лицето и се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот во својство на советник-даночен извршител во општина Делчево, на 21.12.2021, во врска со барање поднесено од лице од делчевско село, не излегол на лице место за да ја утврди фактичката состојба согласно закон, формирал непостоечка-лажна комисија и изготвил лажен записник  за излегување на лице место, а со цел незаконски и противправно да овозможи на друго лице од Делчево да изврши оттуѓување на градежно земјиште во државна сопственост за оформување на градежна…

Повеќе

Советот на Европската Унија денеска усвои предлог со кој се воведува нова фиксна царина. Од 1 јули 2026 година ќе започне наплатата на царина од три евра за сите мали пакети во вредност помала од 150 евра, кои пристигнуваат во ЕУ од трети земји. Оваа мерка е привремена, додека не се усвои целиот пакет за царинска реформа. Мерката директно е насочена кон пратките со производи нарачани преку големите платформи за е-трговија како што се „Тему“, „Шиен“ или „Алибаба“. Според достапните податоци, ваквите пратки сочинуваат дури 93 отсто од сите мали пакети што годишно пристигнуваат во ЕУ од странство. Со ова,…

Повеќе

Во врска со „Зимзоленд“, Општина Аеродром ја информира јавноста дека инспекциските служби професионално и посветено постапуваат во рамките на своите надлежности. Инспекциската постапка е отпочната на 28.11.2025 година, а во моментов се разгледуваат сите факти и околности што се однесуваат исклучиво на одобрението за поставување урбана опрема. По завршување на постапката, од Општината ќе бидат преземени соодветни мерки според законските основи, доколку се утврди потребата за тоа. Се нагласува дека земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост, а Општина Аеродром не е организатор ниту учесник во програмските активности на „Зимзоленд“. Вашата доверба и спокојство се од големо…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени нанафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување…

Повеќе

Ноќеска околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.  

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(57) од Скопје, возач на автобус, пријави дека во автобус паркиран кај Транспортен центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Р., исто така возач на автобус. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе