- Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
- Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
- Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
- Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
- Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
- Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
- Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
- ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
Author: Author 04
Сериозен инцидент на семејно насилство е регистриран во Италија, каде 49-годишна жена по потекло од Македонија била пронајдена мртва во нејзиниот дом со бројни знаци на насилство. Според извештаите на италијанските медиуми, станува збор за Саџиде Муслија, која била пронајдена во нејзиниот стан во Пјанело Валесина, мало село во провинцијата Анкона. Нејзиното тело било пронајдено во кревет со видливи знаци на тепање и повреди на главата. Полицијата била алармирана од нејзиниот работодавач, откако жената не се појавила на работа. Властите интензивно трагаат по нејзиниот сопруг, 50-годишниот Назиф Муслија. Италијанските медиуми пренесуваат дека двојката била во процес на развод, но сопругот…
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека денеска дел од жителите на село Орман ќе останат без напојување со електрична енергија поради планирани технички интервенции. Прекинот на струјата е најавен од ЕВН Македонија АД. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 04.12.2025 година (четврток) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Орман (Општина Ѓорче Петров)“, стои во соопштението на РЦУК. Се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија во најавениот период.
Денеска во земјава ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, при што се очекуваат пообилни врнежи во југоисточните делови. Според најавите, локално на југоисток количината на наврнат воден талог може да надмине 30 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во главниот град ќе биде облачно со повремен дожд и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 6, а максималната ќе достигне…
На 02/03.12.2025 во периодот од 22:30 часот до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане, во содејство со ОВР Гостивар, на подрачјето на Полициското одделение Камењане извршиле акциска контрола за откривање на странски државјанки кои илегално престојуваат во државата, кои непријавено работат и кои се можни жртви на трговија со луѓе. При акциската контрола, во угостителски објект, во с.Горно Седларце, каде управител е 27-годишната Ј.Ц. од Тетово, биле затекнати и приведени О.М.(24), А.Ф.(24), А.В.(28) и А.Т.(27), сите од Украина, кои имале пријавен престој во с.Жеровјане, но престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица…
За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз заедно со пратеничката група на левица и беше поддржана од европскиот фронт, изјави Оливер Спасовски – координатор на ПГ на СДСМ.СДСМ и колегите од опозицијата направија се што можеше и пратениците коишто ја поддржаа оваа иницијатива, но владеачкото мнозинство не покажа ниту емпатија, ниту разбирање, ниту елементарно чувство за барањата на семејствата, на загинатите во оваа трагедија и на сите коишто се повредени, рече Спасовски.„Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел. Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), на агендата на министрите биле имплементацијата на одлуките донесени на неодамнешниот Самит во Хаг, зајакнувањето на колективната одбрана и одговорот на современите безбедносни предизвици. Во своето обраќање пред сојузниците, министерот Муцунски ја нагласил клучната важност од долгорочен и стратешки пристап на Алијансата. Тој посочил на потребата од единство меѓу земјите членки во насока на одржлива политичка волја, фер…
Вчера во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од село Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од село Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат, информираа од полицијата, соопштија од полицијата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот,…
Голем број деца се повредени откако покривот на училишен автобус е откорнат кога возилото удрило во низок мост. Итните служби реагираа на местото на настанот во Копул, Ланкашир, https://www.dailymail.co.uk/news/article-15349301/Children-injured-school-bus-roof-ripped-ploughs-low-bridge.html, откако автобусот се удри во мост, соопшти полицијата, објавува Дејли Меил. Полицијата во Ланкашир соопшти дека неколку деца се здобиле со повреди, за кои се верува дека се релативно полесни во овој момент. Тие моментално се лекуваат од болничари. Сите патници се безбедно извлечени од автобусот, додека патот останува затворен во двата правци, од улицата Ланкастер до улицата Риџент. Во соопштението на перонот X, полицијата изјави: „Би сакале да ве известиме…
Системот „Безбеден град“ забележа драстично намалување на сообраќајните прекршоци во вториот ден од тест периодот. Додека на 1 декември беа регистрирани 110.000 прекршоци, на 2 декември бројот е преполовен, достигнувајќи вкупно 50.652 прекршоци. Анализа на прекршоците (2 декември):
Граничниот премин Евзони (Богородица), по околу двочасовна блокада, повторно е отворен за влез и излез од Грција. Сепак, не е исклучена можноста попладнево преминот одново да биде затворен на неколку часа, како што се случуваше во изминатите два дена. Земјоделците од Пеонија, кои кратко по 12 часот повторно го затворија преминот, ја одржуваат својата тактика: не ги најавуваат блокадите. На грчката страна остануваат паркирани околу 150 трактори и земјоделски возила, а надлежните комисии на дневни состаноци одлучуваат за времето на блокадите. На граничниот премин Кипи кон Турција, паркирани се околу 200 трактори, при што е затворен сообраќајот за камиони. Во…
