Close Menu
Press24
    Најново

    Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците

    30.10.2026 во 14:45

    ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија

    30.10.2026 во 14:39

    72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје

    30.10.2026 во 14:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците
    • ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија
    • 72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
    • Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штета од 450.000 денари: Даночен извршител фалсификувал комисија и записник за оттуѓување државно земјиште

    Штета од 450.000 денари: Даночен извршител фалсификувал комисија и записник за оттуѓување државно земјиште

    12.12.2025 во 16:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

    Пријавениот во својство на советник-даночен извршител во општина Делчево, на 21.12.2021, во врска со барање поднесено од лице од делчевско село, не излегол на лице место за да ја утврди фактичката состојба согласно закон, формирал непостоечка-лажна комисија и изготвил лажен записник  за излегување на лице место, а со цел незаконски и противправно да овозможи на друго лице од Делчево да изврши оттуѓување на градежно земјиште во државна сопственост за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација.

    Изготвениот невистинит записник, Е.Т. го употребил во понатамошната постапка во врска со поднесеното барање од лицето, кое согласно решението издадено од општина Делчево, уплатило вкупен износ од 450.712 денари на Буџетот на општина Делчево. На тој начин, предизвикал материјална штета на лицето за износ од уплатената сума, како и дополнителни трошоци за водење на постапката. 

    Прочитај повеќе

    72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје

    30.10.2026 во 14:23

    Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел

    30.10.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.