- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
- Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
- Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
- Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
- Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
- Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
- Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
Author: Author 04
Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Евзони (ГП Богородица), како и на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина и внимателно управување со возилата, особено на следните патни делници каде што постои можност за појава на одрони: АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната…
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информира дека денеска, 11 декември 2025 година, поради планирани технички зафати на ЕВН Македонија АД, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Илинден.- Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе остане улица Бунарџик.- Во периот од 09-00 до 15-00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај.
Денешното време ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во…
Вечерва во Никшиќ се случи пукотница, а според неофицијални информации, повредени се две лица, објави „Побједа“. Полицијата и безбедносните служби се сомневаат дека ова е продолжение на пресметка меѓу криминални кланови.
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека денес геополитиката е најважниот фактор во сè и дека Србија ја плаќа цената за својот избор да биде независна земја и да не се приклучи на НАТО, да не воведува санкции кон Русија и да не го признава таканареченото Косово. По разговорите со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, Вучиќ, на прашањето од новинарите да го коментира фактот дека некои во земјата се среќни што Србија не може да се приклучи на ЕУ, како и секоја критика кон српскиот претседател од Брисел, рече дека отсекогаш имало…
Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци. Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци. Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното…
Познатата пејачка Весна Змијанац веќе пет дена е хоспитализирана во Ургентниот центар, задржана на коронарното одделение поради влошена здравствена состојба, односно проблеми со срцето и притисокот. Лекарите одлучиле да го продолжат нејзиниот болнички престој, бидејќи резултатите од испитувањата засега не се задоволителни, и покрај нејзината надеж дека денес ќе биде отпуштена. Змијанац побарала лекарска помош поради општа слабост, малаксаност и трнење на левата страна од телото. По забележаните промени на ЕКГ, таа била пренесена во Ургентниот центар. Самата пејачка, по приемот, се огласи за медиумите и порача дека се чувствува подобро, но призна дека си наметнала забрзано темпо слично на…
Рафинеријата не даде проценка за тоа колку нафта истече од цевководот, ниту што го предизвика инцидентот. Инцидент се случи на нафтовод што ја снабдува рафинеријата PCK Schwedt во регионот Укермарк во североисточна Германија, по што беше пријавено големо излевање на нафта, изјави денес портпарол на рафинеријата. Службите за итни случаи беа распоредени на местото на настанот, но немаше извештаи за повредени или какво било влијание врз работењето на рафинеријата, објави Ројтерс. Рафинеријата не даде проценка за тоа колку нафта истече од цевководот, ниту што го предизвика инцидентот. Цевководот каде што се случи инцидентот се протега од германското пристаниште Росток на…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека на денешната седница на Советот е донесена важна одлука за воведување поодговорно и порационално јавно управување преку намалување на надоместоците и редуцирање на бројот на членовите во управните и надзорните одбори на градските претпријатија. Според Ѓорѓиевски, оваа промена е исправка на неправилностите кои создавале непродуктивни трошоци со години.Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало, рече Ѓорѓиевски. „Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа. Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница. Исто така, ги намалуваме и износите,…
Американската влада ја објави новата, ексклузивна имиграциска програма „Златна карта на Трамп“ (Trump Gold Card), која нуди директен пат до државјанство за квалификувани и проверени странци кои се подготвени да инвестираат. Претседателот Доналд Трамп ја објави веста на Truth Social: „Златната карта на Трамп на владата на Соединетите Американски Држави пристигна денеска! Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица.“ Услови за „Златна карта на Трамп“ (Trump Gold Card): Програмата, која ја заменува постоечката програма EB-5, е наменета за богати странци кои сакаат да инвестираат и да отвораат работни места во САД. Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник,…
