Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Град Скопје крати трошоци: Се намалуваат надоместоците и бројот на членовите во управните и надзорните одбори

    Град Скопје крати трошоци: Се намалуваат надоместоците и бројот на членовите во управните и надзорните одбори

    10.12.2025 во 22:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека на денешната седница на Советот е донесена важна одлука за воведување поодговорно и порационално јавно управување преку намалување на надоместоците и редуцирање на бројот на членовите во управните и надзорните одбори на градските претпријатија.

    Според Ѓорѓиевски, оваа промена е исправка на неправилностите кои создавале непродуктивни трошоци со години.

    Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало, рече Ѓорѓиевски.

    „Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа.

    Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница.

    Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари.

    Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори.

    Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на седум“, истакна Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски нагласи дека ова е уште еден од чекорите со кои ги се кратат непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје.

    „Времето на „како досега“, завршува.

    Почнуваме нова практика, со транспарентно, ефикасно и домаќинско управување, какво што скопјани одамна заслужуваат“, потенцираше Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.