Close Menu
Press24
    Најново

    Воен хеликоптер се урна кај Брчко, загинаа четири лица

    30.10.2026 во 09:51

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти

    30.10.2026 во 09:33

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    30.10.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Воен хеликоптер се урна кај Брчко, загинаа четири лица
    • ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти
    • ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив
    • Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
    • ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
    • Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
    • Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
    • Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите утре ќе бидат јавно објавени

    Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите утре ќе бидат јавно објавени

    10.12.2025 во 23:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.

    Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.

    Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.

    „Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.

    Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти

    30.10.2026 во 09:33

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    30.10.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.