- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 03
Ставен е под контрола пожарот, што избувна вечерва над скопското село Морани, во општина Студеничани. Како што информира Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), пожарот се очекува набрзо да биде изгаснат. – Упатени се екипи и противпожарните „пинцгауери“. Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов
На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави. -Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда за силното пријателство и доверба што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Тој подвлече дека Република Северна Македонија останува посветена на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западен Балкан, соопшти…
Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот на Движењето „За наша Македонија“ (ЗНАМ) и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски орговарајќи на прашање „дали им здодеал на кумановци“ со тоа што од нив на локалните избори ќе бара поддршка за трет градоначалнички мандат. – Ако нешто добро ви оди … а се надевам граѓаните знаат тоа да го препознаат и ќе ја добијам нивната поддршка. Во спротивно, ќе продолжам со секојдневниот живот и со политичкиот активизам,…
На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Алсат М. – Од тоа што го гледам во бројките и од анкетите, победува владината коалиција, нагласи Мицкоски. Прашан за одлуката на Левица да оди на избори со свои кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, со образложение дека не ја забораваат западна Македонија, тој кажа дека со тоа Левица ја спасува ДУИ. – Во изборниот процес учествувате за да победите. Левица кажа дека не ја забораваат западна Македонија и ќе имаат кандидати во Тетово, Гостивар и Струга. Но, зошто и во другите општини во западна…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алсат говорејќи за последните случувања со пожарите истакна дека постојат индиции кој може да биде инспиратор за сето тоа, веќе има поголема група на осомничени, и потенцираше дека институциите брзо се справија со предизвикот, ситуацијата е нормализирана, а одговорност ќе има за сите тие кои не сакаат да имаме стабилна и држава која напредува. „Има индиции, имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, но можам да кажам дека сум исклучително задоволен што за многу кратко време институциите во една координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот…
Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица.…
Во рамки на вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше градоначалникот на општина Аеродром и кандидат за уште еден мандат, Дејан Митески. Тој нагласи дека останува целосно посветен на развојот на општина Аеродром и најави нови проекти кои ќе бидат претставени во текот на кампањата. „Програмата ја правевме заедно со граѓаните, одржавме повеќе од 15 средби и илјадници граѓани се приклучија и дадоа свој идеи. Имаме многу интересни проекти кои ќе ги презентираме, ќе слушнат аеродромци, проекти коишто се на нивно барање. Во однос на поддршката од Владата веќе од првиот повик, реализираме, во фаза на реализација, дел…
На 17.09.2025 во 16:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија Р.С.(70) од Република Србија затоа што при гранични проверки и контрола констатирано е дека на увид приложил фалсификувана црногорска возачка дозвола и кај него е пронајдена фалсификувана црногорска дозвола за привремен престој. Лицето е спроведено и задржано во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На почетокот на септември, Украинската воена разузнавачка служба (УРС), исто така, процени дека на украинска територија има речиси 700.000 руски војници, вклучувајќи членови на Националната гарда, специјалните сили и логистички единици. „Мнозинството се распоредени во регионот Донецк, што ги покажува руските приоритети“, изјави тогаш портпаролот на УРС, Андриј Јусив. Украинската армија има речиси 900.000 војници низ целата земја. Сепак, претседателот Володимир Зеленски предупреди во јануари дека Русија сè уште има бројчена предност во одредени сектори на фронтовската линија токму поради концентрацијата на силите. Во тоа време, според него, рускиот контингент во Украина броел 600.000 војници.
Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство врз жените се виновни. И полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите. Виновен е и образовниот систем, кој место да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија и да осудува родово базирано насилство, со својот пристап директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Ова го изјави Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред Министерството за внатрешни работи, од каде вечерва почна протест по случајот со двојното убиство и самоубиство во Велес. На 15 септември 2025 година Р.К. (31) од…
