- Масакр во Сан Диего: Двајца тинејџери убија три лица, па се самоубија
- Приведен дилер од гостиварско – останува во Идризово 18 месеци
- Филипче: Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот
- (ФОТО) Македонец во чевлата се обидел да прокриумчари златна плочка вредна 4,5 милиони денари
- Русија започнува вежби за обука и распоредување на нуклеарни сили
- Падна одлука за ЕЕС системот: По Швајцарија и Хрватска донесе закон за долгорочни визи за професионалните возачи
- Градишка блокирана, градот е во колапс откако се сруши дел од мостот: Граничниот премин е затворен
- Олеснување за возачите: Грција го одложи воведувањето на новите правила
Author: Author 03
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алсат говорејќи за последните случувања со пожарите истакна дека постојат индиции кој може да биде инспиратор за сето тоа, веќе има поголема група на осомничени, и потенцираше дека институциите брзо се справија со предизвикот, ситуацијата е нормализирана, а одговорност ќе има за сите тие кои не сакаат да имаме стабилна и држава која напредува. „Има индиции, имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, но можам да кажам дека сум исклучително задоволен што за многу кратко време институциите во една координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот…
Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица.…
Во рамки на вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше градоначалникот на општина Аеродром и кандидат за уште еден мандат, Дејан Митески. Тој нагласи дека останува целосно посветен на развојот на општина Аеродром и најави нови проекти кои ќе бидат претставени во текот на кампањата. „Програмата ја правевме заедно со граѓаните, одржавме повеќе од 15 средби и илјадници граѓани се приклучија и дадоа свој идеи. Имаме многу интересни проекти кои ќе ги презентираме, ќе слушнат аеродромци, проекти коишто се на нивно барање. Во однос на поддршката од Владата веќе од првиот повик, реализираме, во фаза на реализација, дел…
На 17.09.2025 во 16:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија Р.С.(70) од Република Србија затоа што при гранични проверки и контрола констатирано е дека на увид приложил фалсификувана црногорска возачка дозвола и кај него е пронајдена фалсификувана црногорска дозвола за привремен престој. Лицето е спроведено и задржано во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На почетокот на септември, Украинската воена разузнавачка служба (УРС), исто така, процени дека на украинска територија има речиси 700.000 руски војници, вклучувајќи членови на Националната гарда, специјалните сили и логистички единици. „Мнозинството се распоредени во регионот Донецк, што ги покажува руските приоритети“, изјави тогаш портпаролот на УРС, Андриј Јусив. Украинската армија има речиси 900.000 војници низ целата земја. Сепак, претседателот Володимир Зеленски предупреди во јануари дека Русија сè уште има бројчена предност во одредени сектори на фронтовската линија токму поради концентрацијата на силите. Во тоа време, според него, рускиот контингент во Украина броел 600.000 војници.
Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство врз жените се виновни. И полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите. Виновен е и образовниот систем, кој место да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија и да осудува родово базирано насилство, со својот пристап директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Ова го изјави Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред Министерството за внатрешни работи, од каде вечерва почна протест по случајот со двојното убиство и самоубиство во Велес. На 15 септември 2025 година Р.К. (31) од…
Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопшти ЦУК. Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија. Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската депонија Острец.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија. – Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа овој историски договор, а денеска го враќам во Парламентот со мојот потпис, наведе Зеленски. Тој изрази благодарност до кралот Чарлс Трети за неговата непоколеблива поддршка. – Кога тиранијата повторно ќе ја загрози Европа, сите мора да останеме цврсти, а Велика Британија продолжува да игра водечка…
Украина изврши напади со беспилотни летала врз рафинерии во два руски региони во близина на реката Волга, продолжувајќи ја својата кампања против енергетската инфраструктура клучна за руската економија. Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, изјави дека градот Волгоград, кој има еден милион жители, бил нападнат синоќа, а остатоците од беспилотните летала предизвикале мала штета на неколку станбени згради. Рафинеријата во Волгоград се смета за една од најголемите рафинерии за нафта во Русија и е оштетена во претходните напади. Претходно, раководителот на соседната република Башкортостан, Радиј Хабиров на Телеграм објави дека две украински беспилотни летала го нападнале рафинерискиот и петрохемиски комплекс…
Амбасадорот Зоран Јолевски, денеска (18.09.2025 год) од страна на Списанието Дипломатија и трговија и Конгресот на Американско Српско пријателство доби награда за унапредување на соработката меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од Западен Балкан. На настанот, кој се одржуваше во Собранието на Србија присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ, министерот за европски интеграции Немања Старовиќ, претставници на американската амбасада во Белград, како и командантот на Националната гарда на Охајо, генерал Вудров, како и други видни личности од бизнис заедницата регионот и Србија.
