- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
- Силна експлозија во близина на Волстрит
- Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
- Кривична против полицајци од Интервентна, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице
- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
- Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
- Кривична за жител на Слупчане и државјанин на Турција, нелегално увезувале јод
- Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ
Author: Author 03
Бранислав Светозаревиќ, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се обрати и на самиот почеток истакна дека општина Тетово на вториот јавен повик за финансирање на општините, аплицирала со 40 проекти во висина од 13 милиони евра и го истакна фокусот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Општина Тетово во рамките на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија аплицираше со 40 проекти во висина од 13 милиони евра. Фокусот на идниот состав…
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, во дебатата на Телевизија 24 остро го адресираше проблемот со јавниот превоз во главниот град, истакнувајќи дека решението постои но е четири години закочено. „Решението за Град Скопје е дефинитивно БРТ системот,“ порача Шукова, посочувајќи дека станува збор за веќе подготвен проект со целосно обезбедено финансирање, кој не е реализиран поради незаинтересираност и неспособност на актуелното градско раководство. „Обезбеден е проект, обезбедени се средства коишто за жал 4 години стојат непотрошени за првата траса од Ѓорче Петров до Аеродром. Ако веднаш се започне со спроведување на проектот, граѓаните веќе…
На денешниот народен митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци. „Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото…
Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“! Вака реагира првиот човек на МВР, Панче Тошковски откако по денешниот инцидент во Куманово, од СДСМ побараа негова оставка. „Во последните денови сме сведоци на уште еден бран од очајни, неосновани и политички мотивирани напади од СДСМ кон мене. Искрено, разбирам дека очајот е огромен кога секоја нова анкета им ја топи поддршката побрзо отколку што тие успеваат да измислат нова лага, но оваа хистерија што ја гледаме не е политичка дебата, туку очај маскиран во соопштение. Помина повеќе од…
Изминатата недела можевте да видите кој за што се залага и кој какви вредности брани. Секогаш во животот ме водела идејата да оставиме нешто зад нас, генерацијата која изникна низ криминалната транзиција, која ги помина мачините 90-ти и кога во себе ги носи сите падови кои политиката ни ги донесе изминатите повеќе од три децении, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Верувајте, длабоко знам дека ова е последната шанса да ја спасиме нашата иднина, да ја сочуваме нашата надеж и да обезбедиме стабилен живот за децата на оваа наша преубава татковина Македонија. Оваа кампања видовте дека настапуваме со…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи. „ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче. „Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат…
Претседателот на САД, Доналд Трамп по средбата со премиерот на Канада, Марк Карни изјави дека има напредок во тешките трговски преговори, но не понуди конкретни отстапки. – Веднаш ми се допадна (Карни) и имаме добар однос. Имаме нормален трговски конфликт, но најверојатно ќе го решиме, истакна Трамп. И Карни верува дека ќе се изнајде решение за спорот со царините кои ги нарушија билатералните односи и ја ослабеа канадската економија. За разлика од другите големи сојузници на САД, вклучувајќи ја и Европска Унија, Канада сè уште не склучила сеопфатен трговски договор со својот сосед и главен економски партнер. Влоговите се високи…
„Ова не се обични избори. Ова е борба за вистината, за достоинството, за иднината на нашиот заеднички дом, Македонија,“ порача Венко Филипче вечерва во Гевгелија на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“. Тој ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да ја испратат јасна порака до властадека е доста од лаги и ароганција. „Ве повикувам, Гевгелија, со својот глас да ја испратите првата порака: доста е од лаги, доста е од ароганција, доста е од власт која се грижи само за себе. Да ја вратиме правдата, да ја вратиме солидарноста, да ја вратиме надежта дека оваа…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанскиот собир во Гевгелија нагласи дека Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност. „Народот живее тешко, тешки времиња дојдоа со ВМРО-ДПМНЕ и тоа граѓаните го чувствуваат секој ден, ни го кажуваат на секоја една средба. Цените секојдневно растат, луѓето мака мачат да ги полнат трпезите, а платите стојат.“, рече Филипче. Тој додаде дека цела Македонија живее под тежината на една голема измама. „Цела Македонија живее под тежината на една голема измама. Власт која ветуваше подобар живот, а донесе сиромаштија. Власт која наместо да им помогне на граѓаните ги лаже. Наместо да преземе…
„Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт“, порача вечерва Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија. „Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам „ од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и спинови се обидуваат да ги убедат луѓето дека се како што треба. Па народот знае дека тоа не е вистина, секој ден во маркет, на пазар…
