Close Menu
Press24
    Најново

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Тетово: Венко и Али се последниот бастион на криминалот и корупцијата во Македонија

    Мицкоски од Тетово: Венко и Али се последниот бастион на криминалот и корупцијата во Македонија

    07.10.2025 во 21:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминатата недела можевте да видите кој за што се залага и кој какви вредности брани. Секогаш во животот ме водела идејата да оставиме нешто зад нас, генерацијата која изникна низ криминалната транзиција, која ги помина мачините 90-ти и кога во себе ги носи сите падови  кои политиката ни ги донесе изминатите повеќе од три децении, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    -Верувајте, длабоко знам дека ова е последната шанса да ја спасиме нашата иднина, да ја сочуваме нашата надеж и да обезбедиме стабилен живот за децата на оваа наша преубава татковина Македонија. Оваа кампања видовте дека настапуваме со идеи, програма и цели кои значат како да го подобриме животот на секој еден човек, а нашите конкуренти настапија со обвинувања, лаги и тотални безмислици. Тие сведочат за нивната безидејност, но и желба преку трикови  и измами да дојдат до фотелјата. Ги гледате и ДУИ и СДСМ колку се спремни да ризикуваат и да и наштетат на државата, а главниот проблем им е што се прочитани и не се на власт, која нив им носеше привилегии, бизниси, тендери во 4 очи, рече Мицкоски.

    Лидерот на вадејачката партија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ имаат програма со проекти „Вистинскиот избор за твојата општина“, а на опозицијата содржината на настапите им била постојано да го спомнуваат неговото име.

    -Венко така нереформиран, инструментализиран одработува за својот вистински лидер, а другиот коалиционен партнер Али дели историски лекции, кажуванеповрзани работи. Човек не може да се изначуди на кое дереџе спаднаа луѓево. Додека Венко и Али така нереформирани се последниот бастион на она што претставува криминал и корупција во Македонија под нивно владеење, се помалку ја има. Јас нема да му одговорам на Али со неговата реторика иако тој тоа го сака.Тој моли Бога да му одговорам на неговото националромантичарско изразување, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.