Author: Author 03

Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираа до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите. Оваа инцијатива е веќе во Европската комисија, ја поддржуваат 16 земји членки, а како што појаснија денеска во Скопје австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич целта е да се забрза процесот и да се избегне внесување на билатерални и внатрешно-политички прашања во процесот…

Повеќе

Пристигнати се десеттина барања од болни и изнемоштени лица, кои сакаат да го искористат своето право на глас во домашни услови, изјави денеска за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Тој посочи дека пријавувањето е во тек, а треба да заврши на полноќ на 10 октомври. -Тоа е денот кога Општинската изборна комисија ќе има дежурство до 24 часот, на полноќ, а од денеска, па се до четврток ОИК – Штип ќе работи од 9 до 21 часот, заради примање на ваквиот тип на гласање, вели Вацев. Тој додава дека условите за пријавување на болните и немоќни…

Повеќе

Општина Ѓорче Петров ќе добие катна гаража, ова го ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски. -Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, во срцето на Ѓорче, на локација веднаш до новата општинска зграда. Катната гаража ќе биде со капацитет од приближно 350-360 возила, ќе вклучува подземен паркинг од околу 1.800м/2 и надземен паркинг простор со површина од 7200 м/2, дополнително овој современ и урбан објект ќе поседува и деловен простор од 2000 м/2. Се грижиме за ѓорчепетровци, наоѓаме решенија за проблемите кои што ги има. Искуството во изинатите 4 години покажа дека може да најдиме трајни…

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија „се распаѓа“. Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Тој процени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михаљ Варга, е „претпазлив човек“.

Повеќе

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка денес, само неколку часа откако го именуваше својот нов кабинет, бидејќи сојузниците и непријателите се заканија дека ќе ја соборат неговата влада. Неговата оставка беше неочекувана и без преседан, означувајќи уште едно големо продлабочување на политичката криза во Франција. Француските акции нагло паднаа, како и еврото, по веста за оставката. По неколку недели консултации со политичките партии, Лекорну, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, ги именуваше своите министри вчера, а кабинетот требаше да го одржи својот прв состанок денес попладне. Но, новиот кабинет ги налути и противниците и сојузниците, покренувајќи прашања за тоа…

Повеќе

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка.

Повеќе

Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија. Спортот прави чуда и создава историја, изјави кандидатот за градоначалник на општината, Дарко Костовски. „Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови. Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината. Спортот раѓа здрава младина и дисциплина. Дисциплината создава подобро општество. Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети“, изјави Костовски ов ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага. Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите. „Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче. Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена. Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради…

Повеќе

Утрово најстудено е во Берово и Крива Паланка, 8 Целзиусови степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, 10 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 9 степени во Крушево, 10 во Тетово, Виница, Куманово и Струмица, 11 во Претор, Штип, и Битола, 12 во Скопје-Петровец и Гевгелија и 13 во Демир Капија. До 8 часот наврнале и 8 литри дожд на единица површина во Претор, 4 во Битола, Штип, Струмица, Тетово, Берово, Крива Паланка, Демир Капија и Виница. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални…

Повеќе

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. – Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко…

Повеќе