Author: Author 03

На локални избори вообичаено зборуваме за локални проблеми, за патчето, за улицата, булеварот, градинката, спортското игралиште. Но на сите избори добро е да испратиме политичка порака за да можат нашите политички противници да направат една автоанализа, да извлечат некоја поука за тоа дали грешеле и продолжуваат да грешат. Тие не извлекоа поука од резултатот на минатите избори и продолжија да се однесуваат „како до сега“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на мтингот во Зелениково. Посочи дека опозицијата тера црна кампања со напади и ниски страсти. -Еден од перјаниците на таа кампања денес напиша дека голем штос во оваа кампања…

Повеќе

„Росоман е пример дека кога локалната власт работи со срце, резултатите се гледаат“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Росоман „Се бориме за нашиот дом“. Филипче нагласи дека градоначалникот Стојан Николов за овие години покажа што значи вистинско водење на општината во интерес на граѓаните: „Над 45 проекти се завршени комплетно, многу улици, плоштад, ново улично осветлување, детски игралишта, водоводи, канализации, покриен пазар, доградба на детската градинка, парк. Стојан Николов ја врати довербата во институцијата што треба да биде најблиску до човекот.“ Тој порача дека Росоман е доказ дека со план, со програма и со…

Повеќе

Во општина Зелениково се одржа народен митинг каде беа претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник, Коста Маневски, од партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. – Да бидеш носител на јавна функција е се’ освен привилегија. Тоа е тешка задача која нема работно време. Но кога ја гледам вашата поддршка и напорната работа на премиерот, одново добивам храброст за нов поход за нови 4 години мандат за градоначалник на Зелениково, го започна својот говор Маневски. Маневски даде осврт на најважните проекти кои ги реализираше во изминатиот мандат.

Повеќе

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Зелениково се обрати Драган Ковачки член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 3 на парламентарните избори. -Денеска сме тука за да дадеме поддршка и да кажеме дека Зелениково продолжува да чекори напред и дека нема враќање назад. Ова е место кое постојано се развива и се менува на подобро. Локалната самоуправа е двигател на развој, таа е најблиску до вас граѓаните, во вашето маало, во вашето училиште, на улица. Зелениково во изминатите 4 години и покрај опструкциите од владите на ДУИ и на СДС, сепак…

Повеќе

Претседателката на ЕК обвини дека Русија сака да посее поделба меѓу земјите членки на ЕУ, па затоа, според неа, тие мора да одговорат со единство и акција на солидарност. Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор и…

Повеќе

Конзервативната партија Браќа на Италија на премиерката Џорџа Мелони поднесе предлог-закон, кој предвидува забрана за носење бурка или никаб на јавни места, присилните бракови помеѓу муслиманите и финансирањето на џамиите. Предлог-законот е дел од борбата против исламскиот сепаратизам и да се спречи создавање на „контраопштество“ во Италија, каде националните закони ќе бидат потиснати или заменети со шеријатот. За прекршителите, со предлог-законот предвидени се казни од 300 до 3.000 евра за оние кои ќе ја прекршат забраната за носење бурка или никаб на јавни места, како што се образовни институции, универзитети, продавници и канцеларии. Забрането е носење облека што го покрива…

Повеќе

Парламентот на Шпанија денеска изгласа Закон, со кој се забранува испораката на оружје на Израел, со цел да запре израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа. Законот е усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“. Законот предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивниот увоз во Шпанија, го отфрла транзитот на авионско гориво со потенцијална воена примена и забранува рекламирање на производи „кои потекнуваат од нелегални (еврејски) населби во Газа и Западен Брег“. Владата на Шпанија практично го спроведува ембаргото за оружје од октомври 2023 година. Владата на…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.Д.(51) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.09.2025 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, а потоа со остар предмет упатувал закани кон неа и неговата сопруга.

Повеќе

Вечерва Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од градот на тутунарите Прилеп каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ испрати порака дека никогаш од постоењето на државата толку не го обезличил и понижил трудот на земјоделците и тутунарите. „Никогаш во историјата ниедна влада на овој начин ги нема понижувано луѓето кои со мака и пот заработуваат за своите семејства. Триесет илјади тутунарски семејства беа изневерени токму од оваа влада. Денес го гледаме парадоксот на лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ, ветуваа развојна политика и грижа, а ги оставија на цедило оние што најмногу работат, земјоделците без поддршка, без стабилен откуп…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Пехчево, Александар Китански во рамки на својата предизборна програма најави повеќе проекти насочени кон развојот на туризмот и подобрување на туристичката понуда во регионот на Малешевијата. -Туризмот е срцето на Пехчево и Малешевијата Нашата цел е општината да ја претвориме во врвна еко-туристичка дестинација, истакна Китански претставувајќи ги клучните мерки од неговиот план Меѓу проектите кои ги најавува се формирање на Туристичко инфо-биро кое ќе им нуди информации на посетителите и ќе служи како центар за промоција на туристичките потенцијали реконструкција на патот до туристичката населба Равна Река – Пехчево со цел подобар пристап и поголема…

Повеќе