Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Ќе видиме за брзо дали зад пожарите стојат и политички структури

    Тошковски: Ќе видиме за брзо дали зад пожарите стојат и политички структури

    17.09.2025 во 22:37Updated:17.09.2025 во 22:431 Min Read
    Принтскрин/Сител
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека не го демантирал премиерот Христијан Мицкоски околу неговите изјави дека зад последните пожари стојат структури од државата и надвор од неа, додавајќи оти е факт дека „имаме мултистрачни напади на државата од повеќе аспекти.

    „Дека има хибриден напад во Македонија кон државата има. И тоа е факт. Никогаш во изминатиот период на оваа тема нити сум го демантирал премиерот, нити премиерот кажал невистини и паушални изјави поврзани со оваа тема“, рече Тошковски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител.

    Избегнувајќи да сподели повеќе информации во врска со тоа што досега е утврдено, со образложение дека во спротивно би можел да ги наруши предистражната и истражната кои, како што кажа се во тек, Тошковски одговарајќи на прашање кога се очекува разрешница на случаите кусо одговори:

    „Па почнато е да се одмотува“, рече тој.

    Прашан во врска со критиките од опозицијата дека тезите на власта дека пожарите се подметнуваат во политички цели се само манипулација со јавноста, министерот за внатрешни работи повторно беше краток во одговорот, велејќи: „Ќе видиме тоа“.

    „Ќе видиме дали е манипулација и дали зад овие пожари стојат и политички структури. Ќе видиме за брзо“, рече Тошковски.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите

    06.10.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.