Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рама по насилните протести во Албанија: Странски сили поттикнуваат немири за да го спречат влезот во ЕУ
    • СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки
    • Западнонилската треска зеде уште една жртва: Регистриран 12-ти смртен случај
    • Несреќа при работа во Гази Баба: 44-годишник заврши во болница со тешки повреди
    • Обид за разбојништво во Кисела Вода: Жена со остар предмет се заканувала на 18-годишник
    • МВР ги казни неодговорните возачи: Возеле без возачка, пијани и со брзина над дозволената
    • Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари
    • Сиљановска-Давкова од Куманово: Командата за операции е една од клучните алки во одбранбениот систем
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светозаревиќ: Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се насочи кон решавање на најгорливите прашања на нашата општина

    Светозаревиќ: Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се насочи кон решавање на најгорливите прашања на нашата општина

    07.10.2025 во 22:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бранислав Светозаревиќ, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се обрати и на самиот почеток истакна дека општина Тетово на вториот јавен повик за финансирање на општините, аплицирала со 40 проекти во висина од 13 милиони евра и го истакна фокусот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Општина Тетово во рамките на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија аплицираше со 40 проекти во висина од 13 милиони евра. Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се усмери кон решавање на најгорливите прашања на нашиот град и нашата општина. Еден од најголемите приоритети е квалитетот на живеењето на граѓаните, па покрај патната инфраструктура ќе се фокусираме во многу почиста средина од ова што денес го имаме, преку најразлични решенија за решавање на сообраќајниот хаос, поефикасен и бесплатен јавен превоз, поефикасно решавање на проблемот со градскиот смет, претоварна станица и селекција на отпад, обновување на водоводната мрежа, нов градски парк“, рече Светозаревиќ.

    Светозаревиќ потенцираше дека за младите ќе се формира и дигитален центар, и дека со трудољубивост и многу работа општина Тетово ќе стане подобро место за живеење за сите граѓани.

    „За младите Младински културен центар, потоа Центар за знаење и практични вештини, Бизнис инкубатор, формирање на дигитален центар, во кои ќе се собираат  ученици и студенти кои работат на дигитални решенија. Затоа ви ветувам дека заедно со овие прекрасни луѓе од листата на советници на ВМРО ДПМНЕ ќе дадеме сѐ од себе, свесни на предизвиците и реалните проблеми со кои ќе се соочуваме, дека посветено ќе работиме на нашите планови и заедно со нашите коалициони партнери и поддршката на Владата и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, ќе успееме нашето Тетово и нашата општина да бидат подостоинствено место за живеење на сите граѓани во нив“, дециден е Светозаревиќ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки

    16.10.2026 во 16:53

    Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари

    16.10.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.