Close Menu
    Најново

    (ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Здравко Чолиќ – „Тамо“

    09.11.2025 во 15:58

    Меркур ќе се движи ретроградно низ два длабоко различни, но силни знаци: Време е за преиспитување и трансформација

    09.11.2025 во 15:52

    Љубовен хороскоп за ноември: Некои знаци ќе ја стават врската или бракот на тест, додека за други ова ќе биде месец на вистинско уживање

    09.11.2025 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Здравко Чолиќ – „Тамо“
    • Меркур ќе се движи ретроградно низ два длабоко различни, но силни знаци: Време е за преиспитување и трансформација
    • Љубовен хороскоп за ноември: Некои знаци ќе ја стават врската или бракот на тест, додека за други ова ќе биде месец на вистинско уживање
    • Ѓорѓиевски: Казнети десетици правни субјекти, несовесното одложување на отпад нема да се толерира
    • Сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот е во целосен прекин
    • Гаши доби Глобална награда за дипломатија во Турција
    • Три случаи на семејно насилство за еден ден: Нападнати сопруги и малолетен син во Скопје и Кочани
    • Со „бмв“ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал: Приведен турски државјанин по незгода во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

    Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

    07.10.2025 во 22:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешниот народен митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци.

    „Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото 20 годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици  да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023та година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023та година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново: -14%, Липково: – 40 %, Теарце: – 37%, Тетово: – 18%, Боговиње: – 37%, Желино: -28%, Врапчиште: – 32%, Гостивар: – 35 %, Кичево: – 36 %, Струга: – 32%. Ова е суровата реалност коешто го донесе Али и неговото учество, повеќе од две децении во Владата. И после овие порази донесени од тандемот ДУИ СДСМ, уште ли ќе не убедуваат во нивните приказни и басни. Скапо Македонците, и Албанците ја плаќаат нивната неспособност. Затоа Тетово да го издигнеме над она мочуриште политичко што тие го оставија. А изборот којшто го имаат тетовци на овие избори е да живеат со оние коишто само ги слушаат, зборуваат или пак оние коишто работат и испорачуваат“ нагласи Мицкоски.

     Понатаму Мицкоски ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври и да гласаат за бројот 9 за развој и просперитетна иднина на сите граѓани во државата.

    „И затоа, мои драги пријатели, оваа наша борба не е само за избори – ова е борба за душата на Македонија. За држава што ќе нè спои, а не ќе нè дели. За иднина во која никој нема да биде поважен од другиот, и во која секој ќе има еднаква шанса да успее“ кажа Мицкоски.

    Популарно

    Не ја отворајте оваа порака на WhatsApp: Се шири нова измама и е опасна

    09.11.2025 во 10:33

    Полициска акција во Скопје: Приведени десет лица

    09.11.2025 во 13:32

    Наскоро продолжен викенд – испланирајте го на време

    07.11.2025 во 09:25

    (ВИДЕО) Светот во шок: Како да паднала атомска бомба – торнадо уништи град, бројот на загинати расте

    09.11.2025 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.