Author: Author 03

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош, и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните. „Водам со 1530 мислам гласови пред човекот кој во четири мандата бил градоначалник на општина Карпош, тоа зборува дека луѓето препознаваат во мене човек кој ќе внесе една новина, кој ќе донесе еден…

Повеќе

Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, утринава се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, според информации на Скопје1, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница. објави Скопје1.мк Дека има акција од Обвинителството потврдија за Пресс24, но конкретни детали се најавија дури утре. „По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали во текот на утрешниот ден“, соопштија од ОЈО.

Повеќе

Нема планови „во блиска иднина“ за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, јавија британските медиуми повикувајќи се на висок функционер на Белата куќа. Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесуваат британските меидуми, а изјавата доаѓа само неколку дена откако Трамп предложи нов самит со рускиот лидер. Дописникот на Aксиос од Белата куќа на X, ги објави истите информации. Според него, функционер на Белата куќа изјавил: „Во моментов нема планови за средба меѓу претседателот Трамп и претседателот…

Повеќе

Општина Велес започна со изведување градежни активности за реконструкција на дел од регионалниот пат кој минува низ приградската велешка населба Превалец, од кај рампата на железничката пруга до излезот од населбата, кај „Макпетрол“. Општина Велес дел од работите од првата фаза која е во тек ги изведува со средства од општинскиот буџет, а во втората фаза ќе ги изведува со финансиска поддршка со Јавното претпријатие за државни патишта и ЈП „Македонија пат“ како изведувач на работите. Како што денеска информираат од Општина Велес, во првата фаза која е во тек се поставуваат рабници на дел регионалниот пат кој минува низ…

Повеќе

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината. Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет, а секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, рече Меџити. Според градоначалникот Изет Меџити, на…

Повеќе

Од 1 јануари 2026 година, посетителите кои не се од земјите на Европската Унија ќе плаќаат 30 евра за влез во музејот Лувр во Париз – осум евра повеќе од сегашната цена од 22 €. Одлуката е дел од новиот модел на т.н. „passport-based pricing“, со кој најпознатиот музеј во светот воведува различни цени во зависност од потеклото на посетителите. За граѓаните на ЕУ, билетот ќе остане 22 евра, бидејќи европското законодавство бара еднаков третман за сите државјани на Унијата. Причината за зголемувањето, како што наведуваат француските културни институции, е растечкиот трошок за реставрација, одржување на историските згради и модернизација…

Повеќе

Во денешниот немилосрден свет не може да чекаме уште 50 години за да ја претвориме во реалност идејата за независна Европа врз која е основана ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европарламентот на дебатата по Програмата за работа на ЕК за 2026 година. – Исходот од руската војна ќе го обликува безбедносниот поредок на Европа во наредните децении. Постои надеж дека војната во Газа конечно може да заврши. Нашиот регионален и глобален поредок се менува. И Европа мора да се бори за своето место во свет каде што некои големи сили се или…

Повеќе

Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се…

Повеќе

Голем пожар избил во унгарската рафинерија на нафта во градот Сазхаломбати, при што по силна експлозија жителите пријавиле појава на густ облак чад, јавува index.hu. Пожарот бил локализиран, но интервенцијата траела до доцна во ноќта. За среќа, нема повредени лица. Градоначалникот на Сазхаломбати, Михаљ Везер, се огласи на Фејсбук по повод инцидентот: „Во понеделник навечер, на 20 октомври 2025 година, избувна пожар во погонот АВ3 на рафинеријата Дунаи MOL. Противпожарната служба на MOL веднаш реагираше по дојавата и за кратко време успеа да го локализира пожарот. Работите на теренот сè уште се во тек. Густиот чад кој се појави за…

Повеќе

Украинскиот парламент денеска одобри ново 90-дневно продолжување на воената состојба и општата мобилизација, до почетокот на февруари, објави прес службата на парламентот. Продолжувањето, предложено од претседателот Володимир Зеленски, парламентот го усвои со двотретинско мнозинство. Претходната одлука за воената состојба истекува на 5 ноември. Воената состојба и мобилизацијата за првпат беа воведени 30 дена по руската инвазија во февруари 2022 година и оттогаш редовно се продолжува. Мажите на возраст меѓу 22 и 60 години кои можат да бидат регрутирани во војска не смеат да ја напуштат земјата, со некои исклучоци. Забраната за напуштање на земјата за мажи на возраст од 18…

Повеќе