Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фон дер Лајен: Европа мора да се издигне на висина на задачата

    Фон дер Лајен: Европа мора да се издигне на висина на задачата

    21.10.2025 во 18:034 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Во денешниот немилосрден свет не може да чекаме уште 50 години за да ја претвориме во реалност идејата за независна Европа врз која е основана ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европарламентот на дебатата по Програмата за работа на ЕК за 2026 година.

    – Исходот од руската војна ќе го обликува безбедносниот поредок на Европа во наредните децении. Постои надеж дека војната во Газа конечно може да заврши. Нашиот регионален и глобален поредок се менува. И Европа мора да се бори за своето место во свет каде што некои големи сили се или амбивалентни или непријателски настроени кон нас, рече Фон дер Лајен.

    Според неа, исто важи и за глобалната економија, каде се води глобална трка со вештачка интелигенција и побрза и пожестока од кога било досега трка за чиста индустрија.

    – Тоа влијание се чувствува во нашите фабрички хали, во нашите семејни буџети, во начинот на кој работиме и живееме. Тоа е свет на постојани промени. Европа мора да се издигне на висина на задачата, рече претседателката на ЕК.

    Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ мора да направи повеќе за сопствена одбрана и безбедност и да преземе контрола врз чувствителните технологии и изворите на енергија, како и одговорност за видот на општеството во кое сака да живее.

    – Ова е изборот со кој се соочуваме сите. Можеме или да бидеме обликувани од настаните или да ја имаме слободата и моќта да ја одредиме сопствената судбина, потенцира Фон дер Лајен.

    Според неа, за таа цел, работна Програма на Комисијата за следната годината ќе биде фокусирана на „моментот на независност на Европа“, од што ќе зависи од нејзината способност да се натпреварува во променливата глобална економија.

    – Но, сакам да бидам искрена. Предизвиците со кои се соочуваме се поголеми од оние што беа пред една година, со експоненцијален раст на вештачката интелигенција, со зголемена употреба на контролата на извозот и со глобална неизвесност што ги оптоварува јавните финансии и приватните инвестиции, рече Фон дер Лајен.

    За остварување на овие заложби, според неа, од суштинско значење се брзината на дејствување, двојното намалување на зависноста на Европа и обезбедувањето прифатливи нивоа на цените.

    – Во оваа деценија ќе се појави нов меѓународен поредок. Кога зборуваме за независноста на Европа, зборуваме за нашата способност да го обликуваме тој нов поредок, почнувајќи, се разбира, од нашето непосредно соседство, истакна претседателката на ЕК.

    За таа цел, според неа, ЕУ мора да игра значајна улога во обновата на Газа и постигнувањето мировно решение за Блискиот Исток според моделот на две држави, како и во напорите ставање крај на војната во Украина со праведен и траен мир.

    – Дури и ако војната престане, воената економија и империјалните заблуди на Путин нема да исчезнат. Мора да бидеме подготвени за заканите со кои може да се соочи Европа. Тоа значи дека мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата одбрана и одвраќање. Со децении зборувавме за изградба на Европа на одбраната. Сега е време да го оствариме тоа, потенцира Фон дер Лајен.

    Таа се осврна и на потребата од зајакнување на демократијата, справувањето со илегалната миграција, надминување од последиците од климатските промени и зајакнување на безбедноста на децата во дигиталниот свет.

    -Некои велат дека треба да се откажеме од нашите верувања, за да бидеме во чекор со светот што се менува. Јас целосно не се согласувам со тоа. Како што светот станува се попроблематичен, мора цврсто да се држиме до идеите, слободите и правата што не направиле тоа што сме. Мора да најдеме нови начини да ги отелотвориме нашите вековни вредности, рече Фон дер Лајен.

    Затоа, според неа, ЕУ мора да најде начини да го одржи владеењето на правото, да ги заштити независните медиуми и да се бори против поткопувањето на демократиите и странско мешање.

    -Тоа е значењето на независна Европа. Нашите вредности се вградени во мермерот на нашите устави и декларации. Тие се живо наследство на нашата турбулентна, но сепак упорна историја. Нема да дозволиме ниту еден странски автократ да ни каже во што да веруваме. Моментот на независноста на Европа е моментот да се здружиме и да ги надминеме нашите легитимни разлики. И ова е мојата последна порака до вас денеска. Секогаш ќе бидам отворена за изнаоѓање заеднички решенија. Секогаш ќе бидам подготвена да слушам и да се ангажирам. Но, сите мора да бидеме подготвени да најдеме заедничка основа и да преземеме акција за Европа, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.