- Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент
- Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари
- Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец
- Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
- Трамп по враќањето од Кина: Само САД и Пекинг можат да го извлечат иранскиот „нуклеарен барут“ од урнатините
- Трамп бара кинеска помош за војната со Иран, Си претпазлив околу Ормутскиот Теснец
- Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува
- УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата
Author: Author 03
На 20.10.2025 во 23:05 часот на ул.„Северен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода К.Б.(49) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „сузуки“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Македонскиот вицешампион Вардар вечерва оствари голема победа откако во 2.коло од ЕХФ Лига Европа го совлада францускиот Тулуз на гости со 28:26 (18:11). Ова за „црвено-црните“ е втора победа во групата Ф. Вардар одлично го почна натпреварот, а водство имаше во текот на целиот натпревар. Единствено резултатот беше нерешен 1:1, а Вардар направи серија од 5-0 за водство до 6:1. На почетокот на вториот дел Вардар поведе и со +9 (20:11 и 21:12), но потоа Тулуз имаше серија од 10:2 и стигна до негатива од еден гол. Сепак избраниците на Иван Чупиќ, најдоа сили и го задржаа водството до крајот…
Штетата од кражбата на скапоцени камења од Лувр минатиот викенд изнесува околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко.„Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колкава е историската штета“, рече Беко, пренесува Фигаро. Таа оцени дека крадците веројатно нема да заработат тие 88 милиони евра, особено ако дојдат на „исклучително глупа идеја“ да го преработат накитот. „Можеме да се надеваме дека ќе размислат и нема да ги уништат скапоценостите без причина“, додаде Беко. Што се однесува до истрагата, таа потврди дека се анализираат сите отпечатоци од прсти на местото на злосторството, нагласувајќи дека постои…
На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ Дејан Митески, кој на почетокот истакна дел од приоритетните проекти на изборната програма и посочи дека за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом. „Ние како сериозна политчка партија излеговме со сериозна програма, којашто ја презентиравме пред граѓаните, програма којашто опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин. Она што би сакал да го истакнам како најбитни проекти од програмата, тоа е за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом, театар, кино, место кадешто ќе можат да ужваат во…
Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за втор мандат Горан Герасимовски во изјава за МРТ верува дека центарци и во вториот круг ќе го одберат концептот „За Центар што го сакаме“. „Се надевам дека сите оние коишто веруваат во нашиот концепт дека и во вториот круг ќе го дадат својот глас за заедно да ја водиме општината и во наредните четири години. Покажавме различност, немавме мнозинство во советот. Претседател на советот беше од друга политичка партија. Но, и сега имаме интересен состав на советнички групи од повеќе политички партии и верувам дека ќе го прифатат истиот концепт којшто го…
Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што се објаснува со проценката дека станува збор за трговија, а не за санкции. Поради ова, Унгарија и Словачка не можеа да ги искористат своите права на вето, и ние ќе се жалиме пред Европскиот суд на правдата поради таа причина, изјави Сијарто во интервју…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека примирјето во Газа е сè уште „многу кревко“ и повика на повторно отворање на влезните точки на територијата, бидејќи станува збор за „апсолутна вонредна состојба“ и целта е да се овозможи влез на хуманитарна помош. Ситуацијата е сè уште многу кревка и ние го знаеме тоа. Важно е Хамас целосно да ги почитува обврските што ги презеде и притисокот да продолжи да гарантира целосно почитување на примирјето“, рече тој на прес-конференцијата одржана во Љубљана заедно со словенечкиот премиер Роберт Голоб. „Важно е да се започне веднаш и ова е апсолутно итна ситуација во…
Авион на „Американ ерлајнс“, управуван од регионалниот авиопревозник „СкајВест ерлајнс“, беше принуден да изврши итно слетување во Небраска доцна во вторникот откако пилотите не можеа да стапат во контакт со екипажот и слушнаа тропање на вратата од пилотската кабина, соопшти Федералната администрација за воздухопловство (FAA). Летот 6469 полетал од аеродромот Епли во Омаха во 18:41 часот по локално време, со дестинација Лос Анџелес. Но, речиси веднаш по полетувањето, пилотите одлучиле да го прекинат летот и да се вратат, а авионот повторно слетал само 18 минути подоцна, според FlightAware. „По слетувањето, беше утврдено дека има проблем со интерфонскиот комуникациски систем, што…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(55) од с.Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 11.08.2025 пријавениот упатил закани кон лице од Тетово и се обидел да му изнуди поголема сума на пари.
„Со моето избирање за градоначалник ќе престане бетонизацијата во Карпош“, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија. Лукровски истакна дека ќе се формира ЈП „Карпош план“, кое ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните, се со цел Карпош да биде граден плански во интерес на граѓаните. „Карпош план ми е најголема заложба, „Карпош план“ ќе донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби Карпош граден плански, Карпош граден таму каде што треба. Таму каде што има простор за зеленило, каде…
