- Познат спортски бренд доби нов сопственик: Се затвораат дел од продавниците во регионот
- СДСМ: Фалеше уште црвен килим за Груби, на народот се му е јасно
- Нови летови и туристички бум: Охридскиот аеродром ќе добие прва реконструкција
- Се огласи и лекарот што го лекува Дачиќ: Состојбата е сериозна
- Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
- Вучиќ го принудил Дачиќ да оди во болница – бил шокиран кога видел како изгледа и тешко дишел
- Билатерални средби и почести: Сиљановска утре го пречекува Бегај
- Дачиќ е на респиратор
Author: Author 03
Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји. Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа беше истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка. На средбата се…
Поранешна легендарна ракометарка од Скопје, двајца полицајци и еден пожарникар се осомничени дека примале поткуп од граѓани, на кои им овозможувале побрзо издавање на лични документи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, четворицата осомничени во периодот од февруари до април 2024 година воспоставиле организирана шема за противзаконито посредување при издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи, за што добивале финансиски надомест. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.С., полицаец (злоупотреба на службена положба и примање поткуп), П.П., полицаец во интервентна полиција (примање поткуп и противзаконито…
Кривично ќе се гонат двајца скопјани кои нападнале маж со остар и тврд предмет. – СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х. (25) и Е.Х. (20), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 28.09.2025 во село Чифлик, пријавените физички нападнале 34-годишен маж, користејќи остар и тврд предмет, а му го оштетиле и неговото возило, информираа од МВР.
Без разлика дали се соочуваат со љубовни, професионални или лични предизвици, овие знаци секогаш одат напред со крената глава и јасна цел. За нив зборот „пречка“ речиси и да не постои. Самодовербата им е внатрешен компас што ги води низ сите животни ситуации, дури и кога околината се сомнева во нивните одлуки. Токму затоа, тие ретко дозволуваат неуспехот да ги обесхрабри. Лавот важи за роден лидер кој зрачи со сигурност и харизма. Неговата вера во сопствената вредност му помага храбро да презема одговорност и да застане во центарот на вниманието, без страв од критики или грешки. За него, успехот е природна…
Европската комисија утврди дека дизајнот на TikTok поттикнува зависност и претставува ризик за менталното здравје, особено кај децата и младите Европската унија би можела да го принуди TikTok да воведе значајни промени во начинот на кој функционира апликацијата, откако Европската комисија во прелиминарна одлука оцени дека платформата го прекршила Актот за дигитални услуги (DSA). Според Комисијата, таканаречениот „адиктивен дизајн“ на TikTok може сериозно да наштети на физичкото и менталното здравје на корисниците, особено на децата и ранливите групи. Во документот се наведува дека TikTok не извршил соодветна проценка на ризиците поврзани со начинот на кој е дизајнирана апликацијата. Постојаното „наградување“…
Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советницитеразгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насокаподдршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортскатасала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 годинибез надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, Општината вопретстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација,која ќе раководи со младинскиот центар. На тој начин локалната самоуправа ќеовозможи простор со големина од 270 м 2 за младите лица на возраст од 15 до 29години, каде ќе се јакнат нивните индивидуалните вештини за вработување,…
Норвешка одобри нова помош од 86,4 милиони евра за украинскиот фонд за поддршка на енергетиката, изјави синоќа украинскиот министер за енергетика Денис Шмигал. „Овие средства ќе помогнат во обновувањето на основните енергетски услуги оштетени од руските напади и ќе обезбедат поддршка за Украина за време на суровата зима со ниски температури“, напиша Шмигал на „X“. Ова го зголемува вкупниот придонес на Норвешка во фондот на 163,6 милиони евра, додаде украинскиот министер.
Во рамките на посетата во Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши учествуваше на панел-дискусија посветена на регионалната економска интеграција во Југоисточна Европа, организирана од Атлантскиот совет.На дискусијата беше потенцирана зрелоста и улогата на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во регионот, значењето на инфраструктурните проекти, како и потребата од продлабочена регионална интеграција и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, како предуслов за одржлив развој и напредок кон Европската Унија. Благодарност до Атлантскиот совет за организацијата на оваа значајнаплатформа за дијалог – упати претседателот Гаши.
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Февруари 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба поради примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание – за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со…
