Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицајци, наставничка и пожарникар од Скопје направиле криминална шема – ваделе брзи пасоши за граѓаните

    Полицајци, наставничка и пожарникар од Скопје направиле криминална шема – ваделе брзи пасоши за граѓаните

    06.02.2026 во 13:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава за злоупотреба на службена положба поради примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание – за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.

    Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 во врска со член 22 и член 45 од КЗ, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 од КЗ, во врска со член 24 од КЗ, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од Кривичниот законик.

    Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П..

    Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.

    Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.

    Прочитај повеќе

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19

    35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца

    19.09.2026 во 13:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.