Author: Author 03

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес објави дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка. Зеленски изјави дека не сака никој да поставува прашања за Украина и затоа денес ќе бидат донесени некои внатрешни одлуки. „Прво: Кабинетот на претседателот на Украина ќе назначи ново лице за свој шеф – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.

Повеќе

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека Турција е повторно подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул и нагласи дека тековните преговори мора да продолжат. „Како што знаеме, во Женева започна нов процес на преговори, откако планот претходно беше лансиран во Истанбул. Овој моментум на преговори мора да се одржи. Што се однесува до нас, ние сме подготвени повторно да бидеме домаќини на преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул. Како што изјави претседателот Ердоган, нема да има губитници во мировниот процес“, изјави турскиот министер за надворешни работи на прес-конференција во Берлин…

Повеќе

Секој маж може да стане татко, но за да се биде одличен татко е потребно нешто посебно. Иако татковството може да се дефинира на безброј начини, не сите мажи се подеднакво добри во улогата, барем не на начинот на кој му е потребна на детето. Според астрологијата, некои хороскопски знаци поприродно ја прифаќаат улогата на татко од другите, како да се родени со дарба за родителство. Без разлика дали само се надевате на деца или веќе ги имате, погледнете ги знаците за кои се знае дека се одлични татковци. Јарец За Јарецот, татковството е вистински повик во животот. Тој е…

Повеќе

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска најави дека од следното лето ќе биде воведена воена десетмесечна служба на доброволна основа и „исклучително на француска територија“. Според него, до летото 2026 година предвидено е да се пријават 3.000 млади лица на возраст од 18 до 19, а до 2035 година нивниот број да достигне 50.000 луѓе годишно. Макрон пред припадниците на 27-та планинска пешадиска бригада во Изер, југоисточна Франција, истакна дека младите луѓе се подготвени да ја поддржат својата земја. Тој претходно најави дека Франција планира да испрати војници во Украина. Но, денеска изјави дека доброволците воениот рок ќе го служат…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски подготвува цврст ултиматум за следната рунда мировни преговори со Русија – Украина нема да се откаже од ниту еден дел од својата територија. Ова го изјави главниот украински преговарач Андриј Јермак во интервју за списанието „Атлантик“, нагласувајќи дека Зеленски „нема да потпише ниеден договор што подразбира територијални отстапки“. Според него, украинскиот Устав го забранува таков потег, а „никој не може да оди против украинскиот народ“. Украинската страна побарала итна средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но тој најпрво го испрати својот пратеник Стив Виткоф во Москва за разговори со Кремљ околу ревидираните услови. Руската страна, преку…

Повеќе

Maкедонскиот министер за култура и за туризам Зоран Љутков вечерва во Нови Сад присуствуваше на Македонска вечер – настан организиран во соработка со Новосадскиот саем, која како што нагласи е „исполнета со автентични вкусови, звуци и бои што ја раскажуваат приказната за една мала, но извонредно богата земја“. Во говорот, тој изрази искрена благодарност до организаторите на 56. Меѓународен саем за туризам, туристичката организација на градот Нови Сад, како и до сите партнери и соработници кои овозможија Македонија годинава да биде земја партнер на овој престижен настан. Педесет и шестиот Меѓународен саем за туризам се одржува од 27 до 29…

Повеќе

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека војната во Украина нема да заврши со победа на рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека нејзината политика кон Москва била исправна. Во интервју за германскиот канал „Фокус“, Меркел нагласи дека денешните лидери мора да се соочат со реалноста на „нападот и агресијата врз Украина“, додавајќи дека клучната цел е „да Русија не победува, туку да постои суверена и слободна Украина која може сама да донесува одлуки“. Меркел истакна дека со години била свесна за „сериозна опасност“ што ја гледала во политиката на Владимир Путин, наведувајќи дека уште во 2008 година добила…

Повеќе

Социјалните мрежи треба да бидат недостапни за деца под 16 години доколку нема изречна согласност од родителите – ова е пораката што Европскиот парламент ја испрати преку новата резолуција за возрастни ограничувања на дигиталните платформи, усвоена со големо мнозинство. Иако документот нема обврзувачка сила, европратениците сметаат дека тој е важен политички сигнал упатен до земјите-членки да преземат посериозни мерки за заштита на младите. Резолуцијата доаѓа во време кога растат загриженоста и доказите дека прекумерната изложеност на интернет може сериозно да го наруши менталното здравје кај тинејџерите. Европската комисија веќе го разгледува австралискиот модел – целосна забрана за користење социјални мрежи…

Повеќе

Првата судијка од Македонија во Европскиот суд за човекови права и актуелна претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николоска, во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 се осврна на судскиот процес за трагедијата во Кочани. Николоска нагласи дека е неблагодарно и неодговорно да се прават прогнози за времето на донесување на пресудата. „Многу е поважно правдата, многу е рано за било каква прогноза. Треба да почекаме процесот да започне и да се одвива согласно законските процедури,“ рече таа. Таа додаде дека вниманието треба да се насочи кон обезбедување на фер судење за сите страни, отколку кон предвремено…

Повеќе

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2026 година. По амандманската расправа, Комисијата за финансирање и буџет ќе го проследи Предлог-буџетот за 2026 година на натамошна постапка, а известител на седницата на Собранието ќе биде претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска. На денешната 49. седница Комисијата го прифати комисискиот амандман што се однесува на реновирање на руинираната спортска сала за ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар. Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ образложувајќи го амандманот рече дека го предлага со цел да се обезбедат средства во износ од 10 милиони денари за внатрешно реновирање и реконструкција…

Повеќе