Close Menu
Press24
    Најново

    Ревизија откри хаос со социјалната помош: Стотици граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош

    11.06.2026 во 12:17

    Мицкоски: Барањата од Бугарија не се нови, со промената на Уставот само се отвора Пандорината кутија

    11.06.2026 во 12:14

    Костадиновска-Стојчевска: Гаши да овозможи надзорна расправа, власта и Љутков не се грижат за македонскиот јазик

    11.06.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ревизија откри хаос со социјалната помош: Стотици граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош
    • Мицкоски: Барањата од Бугарија не се нови, со промената на Уставот само се отвора Пандорината кутија
    • Костадиновска-Стојчевска: Гаши да овозможи надзорна расправа, власта и Љутков не се грижат за македонскиот јазик
    • Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет
    • УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме
    • Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата
    • Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
    • Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заврши амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026

    Заврши амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026

    27.11.2025 во 21:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2026 година.

    По амандманската расправа, Комисијата за финансирање и буџет ќе го проследи Предлог-буџетот за 2026 година на натамошна постапка, а известител на седницата на Собранието ќе биде претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска.

    На денешната 49. седница Комисијата го прифати комисискиот амандман што се однесува на реновирање на руинираната спортска сала за ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.

    Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ образложувајќи го амандманот рече дека го предлага со цел да се обезбедат средства во износ од 10 милиони денари за внатрешно реновирање и реконструкција на спортската сала за ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар. Таа, меѓу другото, додаде дека ова училиште има преку 100 вработени и 1000 ученици и дека следната година училиштето ќе одбележи 50 години постоењето.

    Во текот на вчерашниот ден беа прифатени неколку амандмани од опозицијата со кои се бараше доопремување за службите за Брза помош.

    За Предлог-буџетот за 2026 година беа поднесени вкупно 200 амандмани.

    Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

    Во Предлог-буџетот за 2026 година вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари. За капитални инвестиции се планирани 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

    Прочитај повеќе

    Ревизија откри хаос со социјалната помош: Стотици граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош

    11.06.2026 во 12:17

    Мицкоски: Барањата од Бугарија не се нови, со промената на Уставот само се отвора Пандорината кутија

    11.06.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.