Close Menu
Press24
    Најново

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57

    Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика

    29.10.2026 во 13:46

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека неодамна разговарал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, откако најави дека САД ќе ги намалат воените вежби со Јужна Кореја.

    Одговарајќи на прашање од новинарите во Овалната соба на Белата куќа зошто Ким Џонг Ун не реагирал на вчерашната одлука на Трамп за намалување на воените вежби со Јужна Кореја, американскиот претседател рече дека севернокорејскиот лидер сепак „реагирал“, објави „Ројтерс“.

    „Ким Џонг Ун отсекогаш се однесувал кон мене со голема почит и се сретнавме во неколку наврати, всушност два големи, и разговаравме и поминавме време. Го разбирам. Тој ме разбира мене. Она што го правам е да ги направам работите побезбедни“, рече Трамп.

    Трамп претходно најави намалување на воените вежби со Јужна Кореја, потег што доаѓа во чувствителен период во односите со Северна Кореја.

    Прочитај повеќе

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.