Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнува судењето за убиството на Тупак

    Почнува судењето за убиството на Тупак

    17.08.2026 во 21:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас.

    Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата придружба го претепале внукот на Дејвис во хотелот „Ем-џи-ем гранд“ неколку часа претходно. Истрелите биле испукани од бел „Кадилак“ во којшто Кифи Ди бил со уште тројца мажи, кои оттогаш починале. Дејвис се изјасни за невин.

    Случајот е нерешен со децении, а обвинението е поднесено дури во 2023 година. Обвинетиот се соочува со доживотен затвор доколку биде осуден.

    Значителен дел од доказите се однесуваат на претходните изјави на Дејвис. Во 2008 година, тој разговарал со истражителите кои ги истражуваа смртните случаи на Тупак и Ноториус Б.И.Г. т.е. Кристофер Волас, со договор дека сè што ќе каже за убиството на Тупак не може да се искористи против него. Сепак, речиси една деценија подоцна, тој објави книга „Легендата на улицата Комптон“ и даде неколку интервјуа за медиумите во коишто ја опишува својата улога во убиството на познатиот американски рапер.

    – Доколку никогаш не одлучил да ја напише книгата, веројатно, Дејвис никогаш немаше да биде гонет за ова злосторство – изјави обвинителот Марк Диџакомо.

    Адвокатот на Дејвис, Мајкл Санфт, тврди дека книгата е напишана за профит, а не за вистината, и оспорува делови коишто, тврди, воопшто не биле напишани од обвинетиот.

    Членовите на семејството на Тупак се очекуваат во судницата. Неговиот полубрат, Морис „Мопрем“ Тупак, рече дека судењето ќе биде оживување на траумата за семејството, но дека е важно да се присуствува. Судењето би можело да трае со недели, при што обвинителството планира да повика меѓу 35 и 45 сведоци, додека одбраната ќе претстави само неколкумина.

    Прочитај повеќе

    Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот

    11.09.2026 во 12:20

    Земјотрес ја погоди Србија

    11.09.2026 во 12:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.