Author: Author 03

Зајакнување на партнерството меѓу безбедносните служби на Македонија и Австрија е целта на дводневната посета на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на австриската полиција во Виена. Во рамки на посетата, Јанев оствари средба со генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф, како и со директорот на федералната криминалистичка полиција, генерал Андреас Хотцлер. -Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, размена на информации, справување со илегална миграција, прекуграничен криминал, гранична контрола и искуствата од заедничките патроли со соседните земји, вклучително и Фронтекс мисијата во Македонија. Посебен фокус ставивме и на борбата против тероризам, радикализам, како и модели на полициско…

Повеќе

Главниот град на земјава, Скопје вечерва е вториот најзагаден град во Европа, според податоците на IQAir. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во главниот град е 141, односно се наоѓа во категоријата „нездрав за сензитивни групи“. Скопје е на 21-то место во светот по загадување вечерва или втор во Европа, веднаш зад Сараево, кој е на прво место во Европа и 16-ти во светот. Веднаш зад нас е Приштина (Косово). Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, неодамна истакна дека е потребно сериозно да се работи на основниот проблем со загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата.

Повеќе

„Кога постојано се будите во темница, од вашето тело се бара да ги поништи некои многу стари биолошки ритми. Светлината е примарен регулатор на вашиот циркадијален ритам, внатрешниот часовник што му помага на вашето тело да одлучи кога да се чувствува будно, а кога да се чувствува поспано. Кога се будите пред изгрејсонце, вашиот мозок не го добива тој утрински светлосен сигнал“, изјави д-р Сузан Вајли за британски Metro. Без светлина, нема зголемување на кортизолот, што нè прави будни, и пад на мелатонин, кој треба да ни помогне да се разбудиме. Ова често води до поспаност и побавно когнитивно процесирање.…

Повеќе

ВРСКИТЕ најчесто се градат врз доверба и меѓусебно почитување, но има моменти кога одредени зодијачки знаци покажуваат изразена потреба од надзор и контрола. Таквите обрасци не мора секогаш да бидат знак на лоши намери – понекогаш се резултат на несигурност, понекогаш од потреба за стабилност, а понекогаш на темперамент. Подолу претставуваме четири знаци кои најчесто покажуваат тенденција да доминираат во врските. Шкорпион Интензитет е зборот што најдобро го опишува Шкорпијата. Тие сакаат длабока врска и силна емоционална сигурност, но токму оваа потреба понекогаш ги води кон посесивност. Скорпиите често сакаат да имаат увид во сè што се случува во животот…

Повеќе

Од 21:00 часот блокадите на Граничниот премин „Евзони“, за влез и излез кон Република Грција се отстранети и сообраќајот за сите видови возила е нормализиран, информираат од АМСМ. Поради протест на земјоделци, од 17:50 часот повторно беше блокиран сообраќајот за сите видови на возила на ГП „Евзони“.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека секоја држава која криумчари наркотични средства во САД може да стане цел на напад. – Секој што го прави тоа и продава во нашата земја е предмет на напад, рече Трамп пред новинарите за време на седница на кабинетот во Белата куќа, откако го отвори прашањето за шверцот на кокаин од Колумбија. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет претходно денеска изјави дека администрацијата ги поддржува одлуките на воените команданти во контекст на нападите врз сомнителни бродови за криумчарење дрога од Венецуела. Хегсет, зборувајќи на седницата заедно со претседателот Трамп, посочи дека САД привремено…

Повеќе

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, трае веќе околу три часа. Разговорот започнал околу 19:35 часот по московско време, а за нејзино завршување засега нема официјална информација, јавува дописник на ТАСС. Од руската страна присуствуваат помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков и специјалниот претставник за инвестициско-економска соработка со странски држави, воедно и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев. Во американската делегација е и бизнисменот и инвеститор Џаред Кушнер, кој воедно е и зет на претседателот на САД Доналд Трамп.

Повеќе

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки. Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.Следува период на кадровско освежување и зајакнување,  вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за…

Повеќе

Туку што заврши состанокот на СДСМ. Лидерот на партијата Филипче кажа дека предлогот на состанокот на ИО му е прифатен и целото раководство на партијата ќе си поднесе оставка. Ваквата одлука доаѓа по анализата на поразот кој СДСМ го доживеа на локалните избори. Оставките треба да бидат усвоени на ЦК кој ќе се одржи пред Нова Година.

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, истакна дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што СДСМ секогаш била на државничката страна за европска и интегрирана Македонија, додека ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во изолација. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да зборува за патриотизам, бидејќи водејќи националистичка кампања, ширеа лажен патриотизам, а се што ветија, излажаа. „На бранот на таа силна националистичка кампања дека ние сме некакви предавници, а тие силни патриоти што ќе го враќале името и ќе обезбеделе подобри услови за преговори — што…

Повеќе