Author: Author 03

Тимот на Аџибадем Систина се прости од херојот на ДНК Панчо, кој денеска почина во нивната болница каде се лекувше по пожарот во Кочани. „Почивај во мир, драг наш Панчо…Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја…Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе …Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…“, стои во објавата на страницата на ФБ.

Повеќе

Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за општина Чаир, Сабри Азири, денеска на прес-конференција повторно упати обвинувања кон кандидатот на АКИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во врска со неговите последни изјави и негирањето на она што се случи во случајот „Монструм“, стои во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално. ”Постојат луѓе кои мислат дека меморијата на еден народ е кратка, дека болката се заборава, дека неправдите се покриваат со прашина и дека по секој изборен циклус можат повторно да се појават како спасители. Но овојпат не поминува и не е може така. Во една нормална…

Повеќе

Министрите за животна средина и одржлив развој од Западен Балкан (ЗБ) денес ја усвоија Декларацијата од Дубровник на втората министерска средба за Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ).Настанот беше организиран од Регионалниот совет за соработка (RCC) во соработка со Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), во рамките на Регионалното климатско партнерство, со поддршка на Европската комисија, Владата на Хрватска и под претседателство на Обединетото Кралство во рамките на Берлинскиот процес 2025. Декларацијата ја потврдува посветеноста на регионот да го следи Европскиот зелен договор. Таа претставува клучен чекор во изградбата на почист, поодржлив и поклиматски отпорен Западен…

Повеќе

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, денеска од Делчево упати силна порака за единство и поддршка на локалните тимови, нагласувајќи дека Делчево е пример за успешно и домаќинско водење на општина и доказ дека со одговорен пристап може да се обезбеди стабилен локален развој.Костова оствари кафе-средба со граѓани, поддржувачи и активисти на СДСМ, на која, како што рече, се чувствувала искрената поддршка и енергија на делчевчани кои препознаваат континуитет и резултати. – Денеска сме овде во Делчево да дадеме силна поддршка за тимот кој ја води општината и покажува што значи вистинско домаќинско управување. Овде е создадена успешна приказна која мора…

Повеќе

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар вечерва ги почнува натпреварите од ЕХФ лига Европа. „Црвено-црните“ првиот натпревар од групата Ф ќе го играат на домашен терен против хрватскиот тим Сесвете. – Не очекува стартот на Европската лига. Имаме натпревар на домашен терен со „непозната“ екипа. На хартија сме фаворити на овој натпревар. Добро се подготвивме за Сесвете. Сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да не поддржат, бидејќи сакаме со победа да го отвориме натпреварувањето. Имаме големи амбиции во Европската лига, па стартот е многу важен, изјави капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски. Тренерот Иван Чупиќ на овој натпревар нема да може…

Повеќе

Белата куќа го објави договорот потпишан на мировниот самит за Газа во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, кој формализира план за постигнување мир на Блискиот Исток и кој е наречен „Мировен договор на Трамп“. Договорот во Шарм ел-Шеик го потпишаа, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во него потписниците се обврзуваат на „историска посветеност“ за спроведување на договорот, пренесе „Танјуг“. Во документот се наведува дека потписниците ја поздравуваат историската посветеност и спроведување на мировниот договор на Трамп, со кој се става крај на…

Повеќе

Израелските власти бараат „напредок“ во предавањето на телата на 28-те загинати заложници од Појасот Газа до крајот на денов. Барањето следува по ослободувањето на сите 20 преживеани, но Хамас вчера врати само четири тела. Иако не поставила официјален рок, според порталот ynet, израелската влада очекувала сите тела да бидат предадени во рамките на договорот за прекин на огнот, кој предвидуваше враќање на сите заложници – живи и мртви – во понеделник. Хамас засега нема соопштение, но извори блиски до групата тврдат дека е потребна дополнителна опрема и време за пронаоѓање на телата во разурнатата Газа. Израелски медиуми, како Тајмс оф…

Повеќе

Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија. Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6 отсто од странските туристи. Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека лицемерието на СДСМ кулминирало со вчерашниот говор на Венко Филипче во Струмица, каде тој зборувал за морал, владеење на правото и етика во политиката, во присуство на неговиот гуру-Заев. „Потрошивме часови, денови, да изработиме програма. Се консултиравме со народот, побаравме да работат експерти, и го планиравме секој денар кој ќе го употребиме во решенија и проекти. Наместо тоа од другата…

Повеќе

На денешниот народен митинг во Велес во рамките на кампањата за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври, под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев. Тој во своето обраќање се осврна на неговиот прв градоначалнички мандат во кој, како што посочи, се поставија темелите за развој на градот Велес, каде што значително се подобри инфраструктурата со реконструкција на околу 100 улици, водоводни линии на над 50 улици, 20 канализациски линии во градот и селата, како и нов Градски пазар и улично…

Повеќе