Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ

    17.08.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Руте: Путин греши – НАТО останува единствен и подготвен

    Руте: Путин греши – НАТО останува единствен и подготвен

    03.12.2025 во 18:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еден ден по предупредувањето на Владимир Путин дека Европа ризикува војна со Русија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, излезе пред новинарите во Брисел со низа остри и директни пораки. Тој зборуваше за руските закани, поддршката за Украина и улогата на САД во можните мировни преговори.

    Руте порача дека состанокот на министрите на НАТО е „јасен знак дека Путин греши“.
    „Путин верува дека може да издржи подолго од нас, но ние не одиме никаде“, истакна тој, додавајќи дека помошта на Алијансата има суштинско влијание на теренот, особено во однос на системите за противвоздушна одбрана.

    Тој предупреди дека опасностите што доаѓаат од Русија се „реални и трајни“, споменувајќи ги сајбер-нападите и упадите во воздушниот простор на членките на НАТО. Според Руте, потребна е „непоколеблива будност“, а сојузниците остануваат посветени на целта – до 2035 година да издвојуваат 5% од БДП за одбраната.

    Во врска со саботажите што ѝ се припишуваат на Русија, како експлозијата на железничката пруга во Полска, Руте ги нарече нападите „крајно неодговорни“. Тој наведe дека разузнавачките служби ќе ги утврдат сите детали, но додаде: „Ќе реагираме на начин што самите ќе го одбереме – и тие ќе го почувствуваат тоа“.

    Руте оцени дека само Доналд Трамп може да ја деблокира моменталната застојна состојба во мировните преговори, пофалувајќи ја улогата на неговиот тим. Не сакаше да коментира дали Русија покажала поголема подготвеност за компромис, но подвлече дека НАТО мора да ја продолжи стратегијата на притисок – преку вооружување на Украина и економски мерки кон Москва.

    Тој истакна дека Русија троши 40% од буџетот на одбраната, поради што НАТО мора да одговори со сопствено зајакнување. Прашањата за мобилизација или вклучување жени во одбраната, според него, остануваат во надлежност на секоја земја-членка.

    Говорејќи за програмата ПУРЛ за набавка на оружје за Украина, Руте рече дека две третини од сојузниците веќе се приклучиле и дека распределбата на товарот значително се подобрува. Сојузниците, нагласи тој, обезбедуваат „постојан проток на оружје“ што создава дополнителен притисок врз Русија.

    Руте изрази уверување дека Европската Унија ќе го реализира планот за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на Украина, по најавата на Урсула фон дер Лајен за пакет вреден 79 милијарди евра. Доколку тоа не се оствари, додаде, „ќе треба да најдеме пари на друг начин“, потенцирајќи ја својата целосна доверба во европското раководство.

    Прочитај повеќе

    Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“

    17.08.2026 во 18:51

    Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени

    17.08.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.