Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русите се заканија: Европа ќе плаќа поскапи енергенси

    Русите се заканија: Европа ќе плаќа поскапи енергенси

    03.12.2025 во 17:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска предупреди дека одлуката на Европа постепено да се откаже од рускиот гас ќе доведе до пад на нејзиниот економски потенцијал и до намалување на конкурентноста на Европската Унија.

    „На овој начин, Европа ќе обезбедува значително поскапи извори на енергија, што неизбежно ќе влијае на економијата и ќе ја намали конкурентноста. Ова само го забрзува процесот што веќе е забележан изминатите години – губењето на водечката позиција на европската економија“, изјави Песков, коментирајќи ја оценката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека ЕУ повеќе нема да зависи од рускиот гас.

    Тој повтори дека европските држави, доколку целосно се откажат од рускиот гас, ќе мора да прибегнат кон значително поскапи алтернативни енергенси.

    Советот на Европа денеска соопшти дека постигнал договор со Европскиот парламент за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година, во рамки на стратегијата за намалување на енергетската зависност од Русија.

    Според привремениот договор, увозот на течен природен гас (ЛНГ) и гас преку цевководи од Русија ќе се укинува по фази – целосната забрана за ЛНГ е предвидена до крајот на 2026 година, а за гасот преку цевководи до есента 2027 година.

    Договорот треба формално да биде одобрен од Советот и Европскиот парламент за да стане правно обврзувачки.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.