Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Институциите ги ставивме целосно во функција на граѓаните

    Митева: Институциите ги ставивме целосно во функција на граѓаните

    03.12.2025 во 19:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија каде се осврна на темите за економијата, враќањето на функционалноста на институциите и ставање на истите во служба на граѓаните, како и покачувањето на платите на просветните и здравствените работници. Според неа, земјата се движи во правилна насока, а потребно е да се работи и во континуитет бидејќи веќе започнатите промени се темели врз кои може државата да се движи напред.

    „Гледам многу голем напредок, гледам исчекор напред во тие состојби, и гледам дека се дава еден добар индикатор за тоа која е предвидливоста за периодот којшто следи. Во овој момент, сметам дека Македонија е на правилната патека, во правилната насока, и дека мора да продолжиме овие темели кои што ги воспоставуваме денеска континуирано да ги градиме од ден за ден“, вели Митева.

    Митева се осврна на темата за економијата во земјава и истакна дека има јасни индикатори на стабилизација, а тоа го потврдуваат и меѓународни фактори како ММФ.

    „Имаме стабилизација на економијата, имаме 4 квартали со 3% раст на БДП, што е добар индикатор дека ќе продолжиме да се движиме во подобра насока“, рече Митева.

    Митева додаде дека суштинските промени најмногу се гледаат во враќањето на институциите во нивната вистинска улога т.е во служба на граѓаните, по период на нефункционалност и застој.

    „Оној систем којшто беше заборавен, каде што имавме нефункционални, ама буквално нефункционални институции, сега го враќаме и сега се става институцијата во служба на граѓанинот“, посочи Митева.

    Како што вели таа, еден од приоритетите на Владата е подобрување на условите за вработените во образованието и здравството, а тоа се гледа и преку покачените плати на просветните и здравствените работници.

    „Можам да набројам дополнителни, еве би ги кажала образованието, здравството и покачувањето на платите кои што ги направивме изминативе месеци како Влада односно 12% за образование, 14% за здравствени работници“, истакна Митева и додаде:

    „Не смееме тука да застанеме, затоа велам не е едноставна работата. Мислам дека во генерална конотација, работите одат во правилна насока“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.