Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни

    10.06.2026 во 13:01

    Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат

    10.06.2026 во 12:54

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
    • Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
    • Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
    • АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор

    Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор

    03.12.2025 во 17:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зајакнување на партнерството меѓу безбедносните служби на Македонија и Австрија е целта на дводневната посета на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на австриската полиција во Виена.

    Во рамки на посетата, Јанев оствари средба со генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф, како и со директорот на федералната криминалистичка полиција, генерал Андреас Хотцлер.

    -Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, размена на информации, справување со илегална миграција, прекуграничен криминал, гранична контрола и искуствата од заедничките патроли со соседните земји, вклучително и Фронтекс мисијата во Македонија. Посебен фокус ставивме и на борбата против тероризам, радикализам, како и модели на полициско работење во заедницата. Дополнително, отворивме и повеќе конкретни случаи од взаемен интерес и можности за идни заеднички операции во делот на сузбивање на транснационален криминал. Задоволството и довербата во соработката меѓу двете полиции беа јасно нагласени од двете страни, вели директорот на БЈБ.

    За време на посетата планирано е Јанев да оствари и средби со раководителите на Канцеларијата за заеднички операции против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, Оперативниот команден центар во Виена, Контролниот центар за сообраќај, како и со раководството на аеродромот во Виена.

    Прочитај повеќе

    Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни

    10.06.2026 во 13:01

    Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат

    10.06.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.