Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Јас сум патриот – си ја сакам Македонија

    Филипче: Јас сум патриот – си ја сакам Македонија

    02.12.2025 во 20:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, истакна дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што СДСМ секогаш била на државничката страна за европска и интегрирана Македонија,  додека ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во изолација. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да зборува за патриотизам, бидејќи водејќи националистичка кампања, ширеа лажен патриотизам, а се што ветија, излажаа. 

    „На бранот на таа силна националистичка кампања дека ние сме некакви предавници, а тие силни патриоти што ќе го враќале името и ќе обезбеделе подобри услови за преговори — што направија? Ништо. Се излажаа. И што се случи? Ја запреа земјата во процесот на евроинтеграција. Дали сме ние поголеми предавници затоа што сакаме Македонија интегрирана во Европа и богата благодарение на европските фондови, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која ја сака изолирана и сиромашна, како што ја држи, со секојдневни проблеми за граѓаните“, нагласи Филипче.

    Во интервјуто Филипче посочи дека нема попатриотски документ од резолуцијата за црвените линии за продолжување на процесот членство во ЕУ која што ја подготви СДСМ, а за која ниту една од политичките партии вклучувајќи ја и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, не дадоа повратен одговор. 

    „Резолуцијата беше  поднесена како работна верзија до сите политички партии од коишто патем од ниту една партија немаме добиено конкретен одговор што и како на планираат во однос на  евроинтегративниот пат. Па зар има по патриотски документот од којшто заедно стоиме зад црвените линии и тоа им е дадено на партиите во работна верзија со цел да го слушнеме нивното мислење. Зошто нема повратен одговор од ВМРО-ДПМНЕ,  еве поминаа изборите, еве ние не знаеме што се случува со евроинтегративниот пат“, рече Филипче.

    Тој додаде дека благодарение на политиките на СДСМ, Македонија стана членка на НАТО. 

    „За време на последните мандати на владеење на СДСМ се решија големи крупни прашања. Се подготви Преспанскиот договор,  станавме членка НАТО, имаме безбедни граници“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.