Author: Author 03

Во раните утрински часови, околу 02:00 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 20-годишен сопатник на мотоцикл, информира СВР Охрид. Несреќата се случила кога 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл од марката „Пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник, Д.К. (20) од Охрид. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Од страна на полицијата се преземени соодветни мерки, при што е утврдено дека и возачот и сопатникот биле под дејство на…

Повеќе

Коалицијата ВРЕДИ ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека, во пресрет на секои локални избори, наместо да зборува за општинските проблеми, користи националистичка реторика и референдуми за да го сокрие, како што велат, својот долгогодишен неуспех во управувањето со општините. „ДУИ има едноставен рецепт веќе две децении – кога доаѓаат избори, наместо отчет за работа, измислува национални теми, знамиња и референдуми. Причината е очигледна – сака да ја избегне реалната слика за состојбата во општините со кои управува“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ, што го пренесува МИА. Од коалицијата обвинуваат дека општините под водство на ДУИ и по…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“. За време на работната посета…

Повеќе

оцијалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро реагира на, како што велат, небрежноста и неодговорноста на власта по пожарот во Трубарево, обвинувајќи ги надлежните институции за свесно загрозување на здравјето и животот на граѓаните. „Повеќе од 500.000 жители на Скопје и околината, вклучително и деца, болни, мајки и стари лица, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево. Наместо итна реакција, евакуација и предупредување, владата молчеше и уверуваше дека опасност нема“, се вели во соопштението на СДСМ. Според нив, во воздухот биле измерени концентрации на опасни супстанци како олово, арсен и кадмиум – дури 12 пати над дозволеното ниво –…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, продолжува да ја презентира својата јасна визија: враќање на стариот сјај на Старата скопска Чаршија и претворање во симбол на иднината на градот. Утрово, преку видео објавено на својот официјален профил на Фејсбук, Османи го посети еден занаетчиски дуќан и упати силна порака до граѓаните. -Чаршијата не е само пазар, таа е душата на Скопје. Таа е сведоштво на вековна традиција, на занаети што се пренесуваат од генерација на генерација и на духот што нè поврзува сите, рече Османи. Во визијата што ја претстави, тој подвлече дека секој нов дуќан со историски и…

Повеќе

Обвинителство поведе истрага против неготинец, кој се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот и му се заканувал, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, појаснија од Обвинителството. Според соопштението, кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и…

Повеќе

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата на службените возила кои се вон употреба ќе се набават 100 амбулантни возила и тоа 80 во 2026 година додека останатите 20 во 2027 година, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Од продажбата на овие возила коишто ќе ги расходоваме проценето е дека почетната цена би била некаде околу 1 милион и 600 илјади денари, тие средства одат во буџетот на државата, после тоа од тој буџет на државата ќе одлучуваме што понатака. На последната…

Повеќе

Обраќајќи се пред граѓаните во Чаир, Бујар Османи го нарече последниот бран синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“, „знак на паника“ од очекуваниот пораз на ВЛЕН, стои во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, што МИА го пренесува интегрално. „Кога излегуваат координирано со исти изјави дека нема да има парламентарни избори, тоа е знак на паника. Тие се во паника“, рече Османи, тврдејќи дека токму стравот од резултатите ги натерал ВМРО-ДПМНЕ да испраќа „емисари“ кај ДУИ со предлог да влезе во владата по локалните избори. „Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во…

Повеќе

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа истакна дека огромен проблем се пожарите во изминатите денови како пожарот во Вардариште и во Трубарево а токму палењето на еден по друг пожар во таков мал интервал е премногу коинцидентно, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Имаме проблеми морам да кажам и со ова што ни се случува деновиве во Вардариште, Трубарево беше тема во изминатите денови по сите телевизии, јас сакам јавно да им се заблагодарам, дел од оние пожарникари меѓу кои и командирот…

Повеќе