Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Пожарите во Вардариште и Трубарево се премногу коинцидентни, ќе ги решиме дивите депонии во Карпош 

    Лукровски: Пожарите во Вардариште и Трубарево се премногу коинцидентни, ќе ги решиме дивите депонии во Карпош 

    21.09.2025 во 10:423 Mins Read
    Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа истакна дека огромен проблем се пожарите во изминатите денови како пожарот во Вардариште и во Трубарево а токму палењето на еден по друг пожар во таков мал интервал е премногу коинцидентно, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

    „Имаме проблеми морам да кажам и со ова што ни се случува деновиве во Вардариште, Трубарево беше тема во изминатите денови по сите телевизии, јас сакам јавно да им се заблагодарам,  дел од оние пожарникари меѓу кои и командирот го познавам лично, сакам да изразам огромна благодарност на луѓето кои деновиве се справуваа, таму со огнот кој јас одговорно тврдам е инициран, да не кажам запален“ истакна Лукровски и додаде:

    „Факт е дека во таков интервал како едниот гасне другиот ни се пали, премногу е коинциденција. И јас имам пријател и во Аеродром и јас имам пријатели во  Лисиче мене ми праќаат секојдневно пораки, слики да видиме што е, јас не можам да разберам дека некој може тоа да му го прави на својот народ. Мојот ум не размислува така. И сега се сликаме со чадови се сликаме со огнови, ние сме се собрале правиме планови, сме се сликале, ни додаваат чад позади. Па изгинаа тие луѓе таму. Јас знам колку време поминуваат нашите градоначалници таму да не ги именувам сите поединечно, на ѓубриштето запалено и што дишат“ кажа Лукровски.

    Лукровски кажа дека е револтиран и како човек и како татко од потпалувањето на пожарите и посочи дека и на територија на Карпош има диви депонии кои под итно треба да се решат и да се пронајдат луѓето кои палат гуми и соодветно да одговараат.

    „Револтиран сум како човек како татко, децата си ги труеме, се осеќа до кај нас до Карпош 4, не ми е јасно, но да се навратам дека тоа може да биде случај и кај нас. Имаме пар депонии во делот на Лепенец, дива депонија која е детектирана која ќе треба да под итно да ја средиме. Тоа е во делот на Злокуќани. Не можам да кажам дека не се знаат. Таму се знаат оние кои го предизвикуваат проблемот, палат гума. Ние треба прво од социјален аспект да ги видиме тие луѓе. Да видиме што ги тера на тоа, можеме ли ние некако на тие луѓе да им помогнеме. Да и дадеме субвенции за гориво, дрво, да пробаме да им помогнеме да видиме што ги доведува до таа ситуација а после секако треба во рамки на законот да делуваме. Дали ќе биде во соработка со МВР со нашите инспекциски служби, меѓутоа не можеме да дозволиме ние таму да планираме да го развиваме Карпош. Не може квалитетот на живот преку Вардар толку да се разликува, и тука да бидеме јасни дека јас ќе бидам таму заедно со граѓаните и тоа што треба да го правиме ќе го правиме“ нагласи Лукровски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.