Close Menu
Press24
    Најново

    Се уште се вози без дозволи, под дејство на алкохол и со забрани: За еден ден приведени 10 возачи

    03.04.2026 во 15:29

    Млад делчевчанец возел со 129 км/ч на место каде е дозволено 50км/ч, полицијата веднаш го лишила од слобода

    03.04.2026 во 15:25

    Проверете ги сметките: Исплатени субвенциите за овчарство за 2.139 сточари

    03.04.2026 во 15:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се уште се вози без дозволи, под дејство на алкохол и со забрани: За еден ден приведени 10 возачи
    • Млад делчевчанец возел со 129 км/ч на место каде е дозволено 50км/ч, полицијата веднаш го лишила од слобода
    • Проверете ги сметките: Исплатени субвенциите за овчарство за 2.139 сточари
    • Битолчанецот вработен во училиште кој „падна“ во меѓународната акција за детска порнографија оди зад решетки
    • Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода
    • Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите
    • Ужас во Скопје: Татко со месеци физички ги малтретирал децата додека биле кај него на видување
    • Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара одговорност: Кој ќе одговара за труењето на граѓаните по пожарот во Трубарево?

    СДСМ бара одговорност: Кој ќе одговара за труењето на граѓаните по пожарот во Трубарево?

    21.09.2025 во 11:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    оцијалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро реагира на, како што велат, небрежноста и неодговорноста на власта по пожарот во Трубарево, обвинувајќи ги надлежните институции за свесно загрозување на здравјето и животот на граѓаните.

    „Повеќе од 500.000 жители на Скопје и околината, вклучително и деца, болни, мајки и стари лица, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево. Наместо итна реакција, евакуација и предупредување, владата молчеше и уверуваше дека опасност нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

    Според нив, во воздухот биле измерени концентрации на опасни супстанци како олово, арсен и кадмиум – дури 12 пати над дозволеното ниво – додека институциите не преземале никакви заштитни мерки.

    „Кој ќе одговара за ова труење? Кој ќе одговара што институциите ги оставија граѓаните да дишат отров, без предупредување, без евакуација?“ прашува СДСМ, барајќи итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои не постапиле.

    Партијата побара оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

    „Македонија досега не видела понеодговорна и кукавичка власт од оваа на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се соочи со кризите, таа калкулира, минимизира и лаже, додека граѓаните плаќаат со сопственото здравје“, се додава во соопштението.

    Популарно

    Се уште се вози без дозволи, под дејство на алкохол и со забрани: За еден ден приведени 10 возачи

    03.04.2026 во 15:29

    Млад делчевчанец возел со 129 км/ч на место каде е дозволено 50км/ч, полицијата веднаш го лишила од слобода

    03.04.2026 во 15:25

    Проверете ги сметките: Исплатени субвенциите за овчарство за 2.139 сточари

    03.04.2026 во 15:16

    Битолчанецот вработен во училиште кој „падна“ во меѓународната акција за детска порнографија оди зад решетки

    03.04.2026 во 15:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.